fbpx

Македонците сè повеќе купуваат преку интернет

Tрговијата и плаќањето преку интернет во Македонија рапидно расте, па за 11 месеци од минатата година (од јануари до ноември), Македонците преку интернет потрошиле речиси 10,5 милиони евра. Податоците за платежни картички и плаќање преку нив, на Народната банка на Република Македонија, покажуваат дека...

Исплатени субвенциите за полјоделство

Субвенциите за полјоделство денеска се исплатени на 7.181 земјоделец, соопшти Министерството за финансии. Како што се наведува во соопштението, вкупно 94.000.000 денари се одвоени за субвенции за полјоделство, кои од минатата година изнесуваат 12.000 денари за еден хектар.

Македонија би можела да се најде на трасата на „Турски тек“

„Турски тек“ би можел да минува низ Грција, Македонија, Србија и низ Унгарија, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за рускиот весник „Комерсант“. Изјавата на Орбан доаѓа по неодамнешната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, на која било разговарано за енергетиката и за...

Поплавите, сериозна закана и за пролетната сеидба

Пелагонија е пред нова неизвесност. По големите поплави, под знак прашање е дали оваа година навреме ќе се реализира и пролетна сеидба. Од Пелагонија годинава се очекуваа 80.000 тони пченица, а сега е неизвесно дали најплодната житница во земјава ќе даде 30.000 до 40.000 тони пченица. Веќе 20 дена...

Босна и Херцеговина повеќе нема летови за Белград

Поради финансиска криза, единствената авионска компанија од БИХ, „БХ ерлајнс“, ги откажа летовите за Белград. ­ Летовите за Белград се одложени од минатата недела, а неизвесно е дали авионите за Белград ќе летаат идната недела. Оваа компанија неодамна ја откажа и линијата Сараево - ­Истанбул.

Пронајдено ново наоѓалиште на гас во Црно Море

Ново наоѓалиште на гас во Црно Море пронашле компанијата „Петром“, единствениот локален произведувач на нафта и на гас во Романија, и американскиот гигант „Ексонмобил“. Двете компании соопштуваат дека сè уште ги проучуваат податоците од сондата „Пеликан“, распоредена во делот „Нептун“ во Црното Море. Во 2013 година...

„Лего“ – најмоќна марка на светот

Данската компанија „Лего“ (Lego), по падот на популарноста почнувајќи од 2000 година, повторно е меѓу најмоќните марки во светот, па во 2014 година од „Ферари“ (Ferrari) ја презеде лидерската позиција на листата со најдобрите марки во светот, објави истражувачката компанија „Бренд фајнанс“ (Brand Finance), пренесе „Денар“. Авторите...

Намалени трошоците за живот

За 0,8 отсто се намалиле трошоците за живот во јануари годинава во споредба со претходниот месец, а цените на мало се намалиле за 1 процент. Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето на трошоците за животот е резултат на пониските цени на свежото овошје за...

Исплатени субвенции за лозарите

На 13.767 лозари денеска им се префрлени 396 милиони денари, со што целосно се завршени обврските за субвенции за оваа мерка. Најголема исплата има во Кавадарци, со 4.615 корисници, на кои им се исплатени субвенции во висина од 161 милион денари. Втора на листата е општина...

Словенија ќе ги приватизира банките

Водечките банки во Словенија ќе се приватизираат, најави словенечкиот гувернер Боштјан Јазбец, кој изјави дека доколку се спречи приватизацијата на банките во Словенија, тоа би можело да биде многу опасно. Има реакции дека централната банка неправилно ги прикажала состојбите во домашните банки пред да ги...

Јапонија излезе од рецесија

Во последниот квартал од минатата година, Јапонија излезе од рецесија. Сепак, порастот е послаб од што проценуваа аналитичарите. Владата информираше дека јапонскиот домашен бруто-производ во четвртиот квартал остварил пораст од 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, односно 2,2 отсто на годишно ниво.  

УЈП: Подготвен е системот за плаќање придонеси за хонорарците

Подготвен е системот за пресметка и за уплата на придонесите на приходите од договори на дело, авторски договори и други договори, соопшти Управата за јавни приходи. Софтверот, заедно со упатството за неговото користење, се поставени на веб-страницата на УЈП. Од УЈП потсетуваат дека обврската за плаќање...

„Епл“ достигна рекордна вредност од 700 милијарди долари

Компанијата „Епл“ стана првата компанија во историјата чија пазарна вредност на акциите ја надмина цифрата од 700 милијарди долари. Акциите на „Епл“ вчера, по затворањето на пазарот, поскапеа за 1,92 отсто, а цената на поедничните акции изнесува 122,02 долари, што воедно е компаниски рекорд. Главени конкуренти...

ЕУ формира комитет за контрола на даночните спогодби

Европска Унија основа специјален комитет задолжен за контрола на даночните прописи во земјите-членки, по тврдењата дека Луксембург склучувал договори за избегнување плаќање даноци со мултинационалните компании. За формирање на комитетот, денеска гласаа 312 пратеници во Европскиот парламент, 19 беа против, а 23 беа воздржани. Новоформираниот комитет ќе...

Грција и еврозоната не постигнаа договор

Грција и нејзините партнери во еврозоната, која брои 19 члена, не постигнаа договор за предлозите на новата грчка влада за програмата за помош и за мерките за штедење. Вонредниот состанок во Брисел е завршен еден час по полноќ, без потпишано соопштение. Новите преговори се планираат...

Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците

Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис-заедницата во Лондон. Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и со поволноста на бизнис-климата...

Каменос: Грција ќе се сврти кон САД, Русија и кон Кина ако не постигне договор со ЕУ

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, изјави дека Атина би можела да се сврти кон САД, Русија или кон Кина доколку пропаднат преговорите со еврозоната за ублажување на грчката должничка криза. Каменос, претседател на Независни Грци, малцинскиот партнер во новата грчка влада, рече дека Грција...

ЕУ загуби 21 милијарда евра поради санкциите кон Русија

Европска Унија претрпе штета во вид на изгубен извоз од 21 милијарда евра поради санкциите што ги воведе Русија поради кризата во Украина, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија, кој вчера се состана со европските колеги во Брисел за да разговараат за понатамошните...

Говорот на Ципрас ја урна берзата во Атина

Општиот индекс на Атинската берза денеска падна за повеќе од пет отсто на почетокот на трговската размена по говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој истакна дека ќе го одржи предизборното ветување за решавање на јавниот долг. По отворањето со пад од 0,2 отсто, општиот...

Грција воведува посебен данок за богатите

Новата грчка влада подготвува реформи на даночниот систем, со кои ќе воведе посебен „данок за големите имоти“ (ДГИ). Како што јавува „Грик репортер“, со данокот, наводно, ќе бидат опфатено сè што е луксуз и надминува вредност од 300.000 евра. Новиот даночен систем би требало да ги...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...