fbpx

Поплавите, сериозна закана и за пролетната сеидба

-

Пелагонија е пред нова неизвесност. По големите поплави, под знак прашање е дали оваа година навреме ќе се реализира и пролетна сеидба.

Од Пелагонија годинава се очекуваа 80.000 тони пченица, а сега е неизвесно дали најплодната житница во земјава ќе даде 30.000 до 40.000 тони пченица.

Веќе 20 дена најголем дел од земјоделските површини во оваа рамница се под вода од метар, па дури и метар и половина. Само во мал дел од нивите водата е повлечена, но и тука земјата е презаситена со влага, па сè додека почвата не се исуши, пролетната сеидба ќе се одложува, предупредуваат од подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола.

– Ако дозволат временските услови, ние имаме крајни рокови кога може да се засеат житните култури, до крајот на мај или до 10 јуни, но мислам дека има околу 5.000-6.000 хектари земјиште во Пелагонија каде водата е сè уште присутна во големи количества и таму навистина е невозможно да се изврши пролетна сеидба – вели Илија Србиноски од подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола.

Дождовите ја попречија и есенската сеидба, која успеа да се реализира само на 50 проценти од предвидените површини. Со поплавите, родот и на тие површини е уништен во најголем дел.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...