Општиот индекс на Атинската берза денеска падна за повеќе од пет отсто на почетокот на трговската размена по говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој истакна дека ќе го одржи предизборното ветување за решавање на јавниот долг.

По отворањето со пад од 0,2 отсто, општиот индекс на берзата падна на 5,38 отсто, додека во Атина продолжуваат разговорите и обидите да се изглади спорот меѓу Грција и нејзините кредитори за јавниот долг и за реформите.
Ципрас синоќа рече дека неговата влада ќе го одржи „сите свои ветувања“ од предизборната кампања.