fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

Во понеделник студентите се враќаат во студентските домови под посебни протоколи

Во понеделник започнува сместувањето на студентите во студентските домови со нов начин на функционирање со протоколи и намален капацитет, изјави директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски на денешната посета во „Кузман Јосифовски Питу“, заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска. „Секоја соба каде што има две легла ќе се смести само еден студент, а онаму каде што...

МЗ: Учениците да ги почитуваат протоколите бидејќи епидемиолошката состојба е сериозна

Училиштата и учениците да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата. Апелираме на максимална сериозност и соработка од сите граѓани, пред нас е период во кој сите мора да бидат максимално внимателни, посочуваат од Мининстерството за здравство, по најавите на учениците дека ќе почнат да одат во...

Царовска: Најавата за бојкот на онлајн наставата е неодговорна

Најавувањето на бојкот или нарушувањето на протоколите во училиштата е неконструктивен начин на надминување на корона кризата. Сметам дека секој од нас е одговорен за јавното здравје. Ако некој директно и свесно го нарушува здравјето на другиот тоа е прекршување на Уставот, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска при денешната посета на училиштата во општина Бутел, каде...

Неколку часа не функционира веб-страната на Министерството за образование и наука

На првиот ден од учебната година, веќе неколку часа не функционира официјалната веб-страна на Министерството за образование и наука. Од МОН засега нема официјално известување која е причината зошто веб-страницата не е во функција. Учениците, студентите, родителите, но и сите засегнати немаат увид во информации неопходни за учебната година кои се објавени на веб страната на МОН, како за распоредот...

Со строги протоколи започна учебната година во услови на пандемија (галерија)

Со заштитни маски на лицето, држење дистанца, дезинфекција на рацете и мерење температура на учениците, започна учебната година во училиштата каде е дозволена настава со физичко присуство. Од денес, наставата за децата од прво до трето одделение ќе се одвива во училиштата под строги протоколи, а за останатите преку онлајн платформата schools.mk. „Атмосферата во училиштето е мирна и тивка, буквално...

Ако се подобри ситуацијата со ковид-19, Сојузот на средношколци бара во ноември учениците да се вратат во училиштата

Од утре ќе започнеме со онлајн настава и ќе ја следиме епидемиолошката состојба во државата, ако е стабилна, тогаш од 1 ноември ќе бараме постепено да се вратиме во училиштата со комбиниран пристап, во спротивно ќе ја бојкотираме онлајн наставата, изјави Бленди Ходаи, претседателот на Сојузот на средношколци, на денешното свое излагање пред Министерството за образование и наука, непосредно...

Учениците ќе може да останат на продолжен престој во училиште, но без да се мешаат паралелките

Одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, односно учениците од иста паралелка и од исто одделение ќе може да останат на продолжен престој во училиштето, без притоа да се мешаат паралелките и одделенијата. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница. Оттаму информираат дека усвоен е и извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство...

Царовска: Ќе има предизвици со платформата, волку гломазен систем првпат се прави во државата

Нема да биде лесно, системот ќе паѓа, ќе има предизвици во од, но сè што правиме сега ќе ни служи во 2021, 2022 година, рече министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на ОУ Дане Крапчев во општина Гази Баба. „Волку гломазен систем прв пат се прави во државата, ниту еден друг систем...

Пендаровски ги прими учениците кои освоија 4 медали по математика на балканската олимпијада

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими учениците - натпреварувачи на 24. Јуниорска балканска олимпијада по математика кои освоија златна, сребрена и две бронзени медали. Честитајќи им го успехот, тој истакна дека целата македонска јавност со голема радост ја примила оваа вест, која предизвика чувство на гордост и на среќа. „Сите не направивте горди. Вие сте позитивен пример за сегашните и...

Националната платформа ќе биде достапна на пет јазици со интерактивни видеа, квизови и тестови

Националната платформа ќе биде предизвик за сите, но уверена сум дека секој ќе го совлада работењето на неа и сите ќе ја засакаме истата. Таа е практична, лесна за користење и прилагодена за потребите на сите кои ќе ја користат. Вака на прес-конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска ја најави новата национална платформа за учење од далечина. „Наставата...

Со новиот систем „Опсерваторија на вештини“, средношколците полесно би наоѓале работа

Во Собранието пристигна предлог-законот за изменување и дополнување на законот за средното образование, којшто би требал да се најде пред пратениците на утрешната собраниска седница. Освен што се дефинираат начинот на функционирање на средните училишта, со предлог-законот се воведува обврска Министерството за образование да воспостави информационен систем „Опсерваторија на вештини“, во кој се води збирка на податоци за учениците, што...

Инспектори „ќе влегуваат“ на онлајн часови за да следат како работат наставниците

Со почетокот на новата учебна година, државните просветни инспектори ќе имаат ингеренции без најава да се приклучуваат на онлајн часовите со цел да ја следат работата на наставниците. Како што учениците ќе имаат кориснички имиња и лозинки, така ќе имаат и инспекторите, со што ќе имаат пристап до националната онлајн платформа (која е во фаза на изработка), на која...

Мила Царовска: Ковид-19 ни покажува зошто ни треба цврст образовен систем (видео)

Последиците од пандемијата со ковид-19 недвосмислено покажаа оти нашата држава треба да научи дека планирањето на инвестициите во образованието значат многу. Голем е предизвикот да се започне учебната година на ваков начин, со ресурсите кои и досега ги имаа училиштата, бидејќи екстра ресурси, нема. Ова во интервју за Мета го вели Мила Царовска, новата министерката за образование и наука...

Училиштето ќе треба да им обезбеди материјали за учење на децата што немаат компјутери

Пандемијата ни наметна нови правила на кои мора да се прилагодиме сите. Ова бара заштита на јавното здравје, но и учење во исто време. Понудивме комбиниран систем на настава, а за успешна реализација, се работи и онлајн платформа која скоро ќе биде презентирана, рече на денешната прес-конференција новата министерка за образование Мила Царовска, на која зборуваше и министерот за...

Учениците ќе вадат маска од лице само кога јадат, ќе чекаат ред за во тоалет, родителски средби нема да има

Владата денеска го усвои протоколот за физичка настава во основните и во средните училишта. Наставата во училиштата низ државата ќе започне на 1 октомври, а дотогаш училишните раководства треба да ги подготват објектите за да може непречено и безбедно да се реализира наставата. Здравствените и образовните власти одлучија наставата да се одвива онлајн, освен за учениците од прво до трето...

Ученици во улога на уредници и новинари учеа за медиумска писменост

Ученици од гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје имаа можност да дознаат како функционира една редакција во 21-от век преку работилници и предавање наменети за развивање на медиумската писменост, што се одржаа во текот на февруари, март, април и мај, организирани од Здружението Киматика, информира Радио Моф. „Во нашето медиумско-заситено општество, граѓаните постојано се судираат со напливот на информации, а сè...

Во средното образование не се овозможија услови за квалитетно спроведување на далечинска настава

Во 64 отсто од случаите, ретко (еднаш во две недели или еднаш во месецот) или воопшто не се употребувале дигитални алатки во редовната настава, а 51 отсто од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата. Ова се дел од наодите на националното истражување за спроведувањето на далечинската...

Дигитални алатки во наставата се користат, ама без стручни лица и обуки за поддршка на наставниците

Педесет и пет отсто, или 137 од вкупно 250 анкетирани наставници, истакнале дека во нивното училиште не постои стручно лице кое им нуди поддршка во процесот на воведување на дигитални алатки во образованието. Ова се дел од податоците на истражувањето спроведено од специјалистот за односи со јавност, Бојан Кордалов, а во рамките на Проектот за дигитализација на образованието кој...

Mладите од политички партии со различни идеи за образованието, не се одзваа на поканата на УСМ

Унијата на средношколци разговараа со учениците, ги истражуваа проблемите на училиштата и наставниците за конечно да дојдат до документот „Пет точки за образованието“ со единствена цел, истиот да биде потпишан од политичките партии кои учествуваат на изборите, а потоа да се имплементираат. Тие заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар ги чекаа партиите во Скопје за да кажат дека ќе се заложат...

Ученици и родители побараа нова паралелка наместо приемен испит во средното медицинско училиште

Група родителите и ученици утрово протестираа пред средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје каде требаше да се одржат квалификацистите испити за прием во прва година средно образование. Нивната реакција доаѓа по објавата дека нема да има приемен испит во скопската гимназија „Орце Николов“ туку со одобрување на Министерството за образование и наука, ќе се отвори нова билингвална паралелка. Тие...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...