понеделник, 15 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: млади | 543 резултати

Субвенциониран студенски оброк: 30.000 студенти добиваа средства за храна, најчесто пазареле во супермаркет

29 јуни 2024

Речиси 30.000 студенти оваа учебна година биле регистрирани како корисници на субвенционираниот студентски оброк, покажуваат бројките што Мета.мк ги доби од Министерството за образование и наука (МОН) – институцијата надлежна за спроведување на оваа мерка. Студентите, генерално, се задоволни од проектот, но велат оти зголемување на сегашниот износ е повеќе од добредојдено. Денеска е последен […]

ХЕРА: Над 700 девојки од земјава на возраст меѓу 15 и 19 години станале мајки

19 јуни 2024

Дури 52 проценти од девојчињата на 15-годишна возраст и 29 отсто од момчињата на иста возраст страдаат од повеќе психосоматски симптоми истовремено, повеќепати неделно. Во 2022 година кај нас над 700 мајки биле девојки на возраст меѓу 15 и 19 години, кој кај нас е три пати поголем од просекот во земјите на ЕУ. Потребни […]

25 години МОФ – Младинскиот активизам не е лесен, но младите сакаат да бидат вклучени во носењето одлуки

7 јуни 2024

Младинскиот активизам не е лесен, но младите сакаат да бидат вклучени во носењето одлуки, тие сакаат и се вклучуваат во процесите на неформално образование и имаат одредено ниво на медиумска писменост преку кое можат да проценат што е вистина а што не. Накратко сумирано, ова се заклучоците од денешната конференција на Младинскиот образовен форум (МОФ) […]

Денеска почнува „YES фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“

6 јуни 2024

Денеска во Скопје почнува книжевниот и творечки фестивал за деца и млади „YES фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“. Од таму велат дека посетителите на фестивалот ги очекуваат многубројни и разновидни креативни работилници со домашни уметници и писатели, како и со гости писатели и илустратори од Словенија и […]

„Младите доаѓаат“ – концерт на новите музички таленти

3 јуни 2024

В четврток (6 јуни) со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола. На програмата се инспиративни и комплексни дела од Ј. […]

Отворена канцеларија на Јуроп Хаус во Струга

31 мај 2024

Преку низа активности кои се дел од прославите на „Денот на Европа“, Јуроп Хаус ги отвори вратите на новиот простор во Струга. Настаните започнаа со дебата насловена „Како да се вклучи, поврзе и унапреди локалната младина преку Јуроп хаус Струга“, во која учествуваа ученици од локалните средни училишта „Ибрахим Темо“, „Нико Нестор“ и „Јахја Кемал“, […]

Бесплатни работилници за филм наменети за млади од 15 до 25 години

9 мај 2024

На 10 креативни работилници, млади таленти од Западен Балкан ќе имаат можиност да ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови. Во тек е повикот за првата онлајн-работилница за развој на први филмови со експерти од платформата First Film First. Повикот е отворен најдоцна до 15 мај и е наменет за млади помеѓу […]

АНАЛИЗА: Младите во партиските програми за парламентарните избори

2 мај 2024

Додека земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај (среда), во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку, се најдоа и младите. Среде налетот на убави говори и предложени политики во официјалните програми, но и на митинзите и средбите со граѓаните, очигледно е дека […]

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

23 април 2024

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои тимот на Маринела Мечкароска и Ана Нестороска за „Валоризација на оризова лушпа преку добивање силика и биомасло“, а третиот победнички тим се Тамара Јовевска и Јована […]

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

23 април 2024

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна категорија, се натпреваруваа во конкуренција од нивни врсници од вкупно европски 10 земји. Верица Шотаровска, професорката по пијано од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“, […]

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

23 април 2024

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот програмски координатор и едукатор, истите ќе ги доработат и усовршат. Од подготвените дела ќе се публикува соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат […]

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

20 април 2024

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта  на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики […]

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

18 април 2024

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност да истражуваат во текот на 10 театарски работилници со уметници од разни области, како и да бидат дел од кампот кампот во Скопје од 27 до […]

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

16 април 2024

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се оштети некој диск, ќе изгубите сè. Лозинките што ги креирате да бидат доволно долги и силни. На Инстаграм не постирајте во живо каде сте, бидејќи со Geospy лесно ќе ве лоцираат. Не одговaрајте на мејлови или пораки од некоe случајно […]

Mлади од Македонија, Србија и Албанија учесници во програма за истражување на младински политики

27 март 2024

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата, младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во кои ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти. […]

УНИЦЕФ: Партиите имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите програми

26 март 2024

Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата. Ова го порачаа од УНИЦЕФ во отвореното […]

Младите учествуваа на обука за справување со дезинформации и проверка на факти во Велес

18 март 2024

Петнаесетина млади лица од учествуваа на втората обука во рамки на програмата „Новинарство за новата генерација“, на тема „Справување со дезинформации и проверка на факти“, која се одржа од 13 до 15 март во близина на Велес. На тридневната обука во организација на Фондацијата Метаморфозис, заедно со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists […]

Трибина „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“

17 март 2024

  Во Клубот на пратеници во Скопје, утре со почеток во 11 часот ќе се одржи трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, во организација на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. На настанот се поканети претставници на младинските тела […]

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“, со мултиетничка тематика

13 март 2024

Во периодот до 17 март 2024 година ќе се снима мултиетничкиот краток филм „И покрај сè“ кој промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје, а премиерно ќе биде прикажан во април. Филмот е во режија на м-р Кузман Кузмановски, а директор на фотографија […]

Истражување: Над 70 отсто од младите во ВИ гледаат можност, а останатите гледаат закана

13 март 2024

Алатките за вештачка интелигенција како ChatGPT брзо ги вадат на виделина текстовите кои инаку тешко се пребаруваат на интернет и умеат да решаваат сложени задачи. Тоа ја отвора вратата за мамење, па образовната политика детално ја истражува употребата на вештачка интелигенција во училиштата. Помладите пак, од друга страна, ја гледаат вештачката интелигенција повеќе како можност […]

Страна 3 од 27