NASA’s Space Apps Challenge повторно во Македонија

Учесниците што ќе учествуваат ќе работат во тимови, осмислувајќи решенија за предизвиците поставени од страна на NASA. Проектите што ќе бидат пријавени до 8 октомври во 23:59 часот по локално време ќе имаат шанса да освојат наградa

Меѓународниот хакатон организиран од NASA Space Apps 2023 ги повикува сите кодери, научници, дизајнери и вселенски ентузијасти од целиот свет да учествуваат на NASA’s International Space Apps Challenge, која на 7 и 8 октомври ќе се одржи во Скопје и Струмица. Настанот ќе се одржи во Startup Club Skopje, во соработка со Booz Allen Hamilton, Mindgrub и SecondMuse.

Сите останати детали може да се најдат на следниов линк. Оние лица кои имаат пасија за вселената за технологија или решавање на проблеми на оваа тема, можат да се пријават, бидејќи настанот е отворен за јавноста и е бесплатен за сите возрасти.

Учесниците што ќе учествуваат ќе работат во тимови, осмислувајќи решенија за предизвиците поставени од страна на NASA. Проектите што ќе бидат пријавени до 8 октомври во 23:59 часот по локално време ќе имаат шанса да освојат наградa.

Локалните лидери ги избираат номинираните за глобално судење, а глобалните победници ќе се објават во декември 2023 година.

Инаку, NASA’s International Space Apps Challenge е платформа започната во 2012 година на која оттогаш, земале учество над 220.000 регистранти од повеќе од 185 земји. Настанот ги охрабрува ентузијастите од сите средини да ги користат отворените податоци на НАСА за да дизајнираат иновативни решенија за реалните проблеми на Земјата и вселената.