RISE повик за апликации: поддршка за младите и социјалното претприемништво

Проектот RISE го отвори четвртиот повик за поддршка на млади социјални претприемачи и апелира до сите млади кои имаат идеја за бизнис кој прави добро за природата и за заедниците, да аплицираат со своите тимови најдоцна до 5 октомври

Фото: АРНО

Проектот RISE го отвори четвртиот повик за поддршка на млади социјални претприемачи и апелира до сите млади кои имаат идеја за бизнис кој прави добро за природата и за заедниците, да аплицираат со своите тимови најдоцна до 5 октомври.

Тимовите кои ќе бидат избрани за учество имаат можност да добијат неповратни средства за развој на идеја за социјален и зелен бизнис (2500 евра), менторство, обуки и можност да посетат други социјални претпријатија од Западниот Балкан.

„Младите треба да знаат дека токму сега е време за нови идеи, сите очи се вперени во оваа нова економија. Ние се повеќе ќе ги гледаме продуктите на социјалната економија, приказните кои прават промени. На форумот во Скопје го видовме Лука Пасторели од најголемата Европска мрежа за социјална економија Диезис, слушнавме животни приказни (инспиративната Барбара Садовска од Полска) и ги видовме нашите RISE тимови. На европско ниво има многу извештаи, препораки, ама се отвора и многу простор за практичната димензија на оваа нова економија – ни требаат социјални претпријатија и инвестиции во нив. За младите, пораката е: осмислувајте бизнис модели и аплицирајте за да добиете поддршка, време е за промени“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Фото: АРНО

Во првите три изданија на RISE на регионално ниво поддржани биле вкупно 365 млади и 130 идеи од Западниот Балкан, од кои дел прераснале во функционални социјални бизниси, освоиле и други регионални награди и грантови и го привлекле вниманието на јавноста.

Од АРНО велат дека преку оваа програма млади луѓе од регионот основале социјални бизниси кои преку изработка на облека и модни додатоци интегрираат жени-бегалки во Србија (Women on the way), овозможиле планинарски тури за промоција на локален алтернативен туризам и поддршка на локалното население во Валона, Албанија (Reality Escapers), вовеле нов концепт на градинка на отворено за прв пат во Македонија (во Штип) (Камп) и многу други успешни приказни.

RISE програмата нуди едукативна и финансиска поддршка која им помага на младите да ги трансформираат идеите во бизниси кои им помагаат на заедниците и ја заштитуваат животната средина.

За четвртиот повик за поддршка на млади социјални претприемачи, младите можат да се пријават преку пополнување на пријава на овој линк.

Проектот RISE е ко-финансиран од Француската агенција за развој (АFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус + програмата на Европската Унија.