fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

По пратениците, и Пендаровски согласен на законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Иако Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише штотуку усвоениот „Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10“, или кратко законот за давање на овие проекти без јавно наддавање на конзорциумот „Бехтел-Енка“, претседателот Стево Пендаровски го...

Маричиќ на Преспа форумот: Регионот да се обедини во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата

Министерот за правда Бојан Маричиќ на првата панел-дискусија од „Преспа форум дијалог“ рече дека е потребна поголема регионална соработка и обединување во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата. Според Маричиќ, овие проблеми се присутни во сите земји од нашиот регион и затоа фокусот треба да биде ставен на поблиска соработка. Тој во својот говор се осврна и на улогата на...

Со „Свири крај“ перформанс на РАИ против корупцијата, граѓаните симболично заштедеа 111 милиони денари

Кога сте добро организирани, 24 часа е доволно време да патувате на другата страна на планетата, да прочитате книга или да научите нова вештина. Сепак, дали знаете што друго може да се направи за 24 часа? Тоа е доволно време да се „спасат“ од уништување многу пари што државава секој ден ги губи преку добро организирана корупција и мито....

Почнува со работа Јавното обвинителство на ЕУ, со него ќе раководи Лаура Ковеси

По четири години од неговото формирање, денеска треба да почне со работа Јавното обвинителство на ЕУ, кое ќе го раководи Лаура Ковеси, која стана позната во светот по нејзиното раководење со романската Антикорупциска Комисија, кога успешно го издржа притисокот на романските власти, кои и покренуваа тужби против неа. Јавното обвинителство на ЕУ, со седиште во Луксембург, има за главна задача...

Мицкоски тврди дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од битолска фирма, тој демантира

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинари презентираше документи, со кои тој тврди дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра провизија од битолската фирма „Рубитон“. Мицкоски тврди дека фирмата била рекетирана откако добила тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола. Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека фирмата регуларно го добила тендерот, по што директорот на РЕК Битола...

Предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки се доставени, останува да се види примената

Јавните набавки се извор на корупција и го поткопуваат владеењето на правото, истакна амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп на денешниот настан „Претставување на предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки и унапредување на начинот на нивно спроведување“ во организација на Центарот за граѓански комунунации (ЦГК). Тој истакна дека отстранување на корупцијата во јавните набавки е...

Фридом Хаус: Северна Македонија со 66 поени рангирана како делумно слободна земја

Во друштво со Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија, Северна Македонија во извештајот „Слободата во светот 2021“ на Фридом Хаус е рангирана во групата на делумно слободни земји. Со добиените 66 поени од можните 100 во 2021 година, земјава забележала мал напредок во однос на лани, кога Фридом Хаус политичките права и граѓанските слободи ги оценил со три поени...

Галовеј: Важно е да се видат завршени големите случаи на корупција

Клучно е граѓаните да го видат на дело владеењето на правото, е оценката на амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Денеска при посетата на Штип, британската амбасадорка беше прашана за коментар дали навистина профункционираа институциите по вчерашните случувања со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.   „Мислам дека е извонредно важна борбата против корупцијата и граѓаните да имаат доверба во...

Владата бара увид во сите кривични пријави и извештаи за случаи на корупција и перење пари за изминатите две години

Владата на 43. седница ја разгледа и усвои Информацијата за преземените активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари, информираат од таму. „Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за внатрешни работи-Биро за јавна безбедност, Министерството за финансии-Управа за финансиска полиција, Министерството за финансии -...

Порталб: Борбата против корупцијата не се води со изјави, потребен е конкретен ангажман и активности

Политичката волја и изјави немаат смисла ако нема конкретни активности. Без намалување на корупцијата и борба против неа, нема да има развој. Исто така, кризата поради пандемијата не треба и не може да се земе како изговор за бавната и неефикасна борба против корупцијата. Ова е мислењето на експертите за прашања поврзани со корупцијата во Македонија, во врска со последниот...

Владата ќе прави процена на интегритетот на министрите, нивните советници и надворешни соработници

Владата во првата половина на годинава, во соработка со УСАИД, ќе спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници. Ова го најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски на денешната прес-конференција презентирајќи ги идните мерки од владиниот план наречен „Акција 21 - европски стандарди дома“. „Во Новата 2021 година...

Над 34 отсто од министрите и замениците доаѓаат од образование, ЕУ: Образованието под влијание на политиката и корупцијата

Образовниот систем во Северна Македонија е под влијание на политиката и корупцијата, се вели во Поглавјето 26 од извештајот на Европската Комисија (ЕК) за Северна Македонија. Некои од министрите и замениците министри се назначени на државни позиции додека беа дел од образовниот процес во земјава, некои од нив продолжуваат истовремено да работат како наставници, додека други го замрзнале нивниот...

Истражување на ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле...

ГРЕКО: Слаб напредок во спречувањето корупција на пратениците, судиите и обвинителите

Најголемиот дел од 13-те препораките на Групата земји против корупцијата при Советот на Еропа (ГРЕКО) за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и за судиите и обвинителите, се или делумно спроведени или се неспроведени, додека само неколку се целосно спроведени, од што произлегува дека Северна Македонија генерално не си ги исполнила обврските дадени на 22 јуни 2018...

„Вистиномер“: Намалените глоби во Законот за заштита на укажувачи и борбата со корупцијата немаат ништо заедничко

Пред неколку дена вицепремиерот во Владата на РСМ задолжен за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски,во рамките на преставување на неговите должности и планови, го изјави и следново тврдење, во чии делови може да се препознае недоследност, пишува „Вистиномер“: Свесни сме дека целиот процес ниту може, ниту некаде во било која држава започнал и завршил...

СТРАТКОМ: Користењето на политиката за богатење е најголемата опасност во економскиот сектор во Македонија

Македонија има низок ризик за странски штетни влијанија во економскиот сектор, но најголем проблем, со оценка „критично“, е злоупотребата на политиката за богатење, оценува анализата на ризикот од странски влијанија изработена од НАТО Центарот за извонредност во стратешките комуникации (Стратком). По Србија, Македонија е втора според степенот на безбедност од надворешни влијанија во економијата, но клучни проблеми се корупцијата...

Поради корупцијата и клиентелизмот, политиката најподложна на странски штетни влијанија (инфографик)

Политиката е област со најголем ризик за странски штетни влијанија во Македонија, покажува серија студии наСТРАТКОМ - Центарот за извонредност во стратегиски комуникации на НАТО, спроведени од првата половина на минатата до мај оваа година. Како најголеми ризици се наведени корупцијата, слабите институции и судскиот систем и концентрацијата на моќ во партиите. „Генерално, земјата има релативно задоволително политичко претставување, но...

Стратком: Во Северна Македонија сериозен проблем се слабите институции, корупцијата и политичкиот фаворитизам (инфографик)

Македонија е најмалку подложна на странски влијанија во регионот на Западен Балкан, покажува серија студии и истражувања на НАТО Центарот за извонредност во стратегиски комуникации (СТРАТКОМ). Но, сериозни проблеми и најголеми ризици се концентрацијата на моќ во политичките партии, слабите институции и недовербата на граѓаните во нив, високото ниво на корупција, неказнивоста на политичките елити и силниот политички фаворитизам. „Севкупно,...

Центар за граѓански комуникации: 48 отсто од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки

Најниската цена и натаму е проблем број еден за компаниите, а дури 48 отсто од нив  сметаат дека има корупција во јавните набавки. Тоа го покажува најновиот Извештај на Центарот за граѓански коминикации (ЦГК) од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2019 година, како и добиените резултати од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите...

Латинска Америка сè повеќе „се гуши“ од ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info анализира каква е ситуацијата со...

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...