fbpx

СТРАТКОМ: Користењето на политиката за богатење е најголемата опасност во економскиот сектор во Македонија

-

Македонија има низок ризик за странски штетни влијанија во економскиот сектор, но најголем проблем, со оценка „критично“, е злоупотребата на политиката за богатење, оценува анализата на ризикот од странски влијанија изработена од НАТО Центарот за извонредност во стратешките комуникации (Стратком). По Србија, Македонија е втора според степенот на безбедност од надворешни влијанија во економијата, но клучни проблеми се корупцијата и злоупотребата на политичките влијанија.

Во најголем дел од подобластите во секторот економија Македонија е оценета под просекот, со што доби вкупна оценка за индекс на енергетска пропустливост од 1,41.

Сепак, макроекономските политики се оценуваат како неефикасни, а медиумскиот бизнис модел – неодржлив. Јазот на одржлива економија го продлабочуваат недостатокот на конкурентност и транспарентност. Меѓу проблемите се и политичкиот фаворитизам, картелизацијата и политичкиот кронизам, како и концентрацијата на богатство во стратешките сектори. Како најзагрижувачки проблем, оценет со 2,25 на индексот на пропустливост, е користењето политички фаворитизам за акумулација на богатство, оценува Стратком.

Со индексот на пропустливост на надворешни влијанија, Стратком го оценува ризикот од странски мешања во внатрешните работи заради дестабилизирање на земјата. Индексот 1,5 се земја како просек и низок ризик од влијанија, 2 е значителен ризик, а индексот 2,25 укажува на критично ниво на ризик и потреба за итни мерки. Анализите се вршени во период од една година во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.

Најчести слабости во економскиот сектор во земјите на Западен Балкан, според Стратком, се корупцијата, слабите економски политики, лошото планирање и пројавувањето на национализам во економската политика, како што е одлуката на Косово да ги зголеми давачките за српски и босански производи во 2018 година. Во сите анализирани земји сериозни слабости се и организираниот криминал и високата корупција. На енергетскиот сектор му е неопходно обновување, нагласува анализата, замена на застарената опрема и разноликост на енергетските извори.

Освен Босна и Херцеговина, со индекс 1,87 во економскиот сектор, сите други земји се близу теорискиот просек, а Македонија (1,41) и Србија (1,34) и под просекот. Но, оценките во подобластите многу се разликуваат.

И покрај вкупната оценка од 1,41, Македонија има оценка од 2,14 во подобласта „конкурентност и транспарентност“ и 1,63 во „бизнис-модел за медиуми“.

„Економските потешкотии го хранат социјалното незадоволство и ги поткопуваат евроатлантските аспирации на земјите од Западен Балкан, создавајќи незадоволство од естаблишментот. Иако ЕУ сè уште е најважниот економски партнер, енергетската зависност и нетранспарентните јавни набавки се причина за загриженост“, наведува Стратком.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...