fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Речиси сите полицајци од граничен премин во Косово уапсени во истрага за корупција

Со лисици на рацете и на распит завршија 48 гранични полицајци и двајца цариници, по истрагата на косовскиот Полициски инспекторат во координација со Специјалното обвинителство која траеше 10 месеци. Според порталот KALLXO.com, уапсени се речиси сите припадници на граничната полициска станица Ѓаковица. Полицискиот инспекторат соопшти дека постои основано сомнение оти уапсените во овој случај се инволвирани стотици пати (над 400 пати)...

ЦГК: Ризици од корупција при јавните набавки поврзани со ковид-19

Во првата половина на 2021 година јавните набавки поврзани со ковид-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство каква што беше 2020, констатира Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во најновиот Извештај за јавните набавки за заштита од ковид-19 изработен врз основа на длабочинско следење на постапки за јавни...

Индекс за перцепција на корупцијата: Напредок има, но простор за големо задоволство нема

Со 39 идексни поени Северна Македонија е рангирана на 87 место од 180 држави, на најновата листа на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата (ИПК). И покрај напредокот, состојбата е далеку од совршена. Претседателката на Транспаренси интеренешнл, Слаѓана Тасева  вели дека треба уште многу да се работи за надминување на долгогодишниот проблем со корупцијата. Како најнеопходна и најитна ја...

КРИК: Телефоните на Беливук полицијата една година ги чувала во фиока

Во серија написи, спрската новинарска организација за истражување на криминал и корупција, КРИК, открива детали од обвинението против поранешната државна секретарка на српското Министерство за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ и нејзината поврзаност со криминалните структури. Така, на 21 јануари, КРИК објави сторија со детали од сведочења на полицајци, кои се поместени во обвинението против Хркаловиќ, во кои се вели дека...

Вистиномер: Агенцијата за управување со одземен имот функционира со половичен капацитет

Во Агенцијата работат 45 луѓе од кои половина се чувари. Според систематизацијата таму треба да има 75 вработени. Илјадници возила чекаат пресуди од судовите. Вредноста на одземениот имот е индикатор за (не)функционирањето на системот за борба против корупцијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Доколку сакате да го утврдите степенот на борба против корупцијата во една...

Вистиномер: Јавното обвинителство функционира со само една третина од предвидените кадри

Кратење на буџетите, недостаток на ресурси, недостаток на вработени на крај резултира со лоши резултати во борбата против корупцијата. Јавното обвинителство треба да има водечка улога во борбата против корупцијата, но, за жал, во Северна Македонија е главна кочница, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Недоволниот број на стручни соработници и друг помошен персонал го оптоварува...

Вистиномер: Технички неопремени, корупционерите рачно бројат кој функционер не поднел пријава за имотна состојба

Жилава или килава борба против корупцијата. Владата неколку години ветува набавка на софтвер во ДКСК, но, тој до денес не е набавен. Недостасува и вмрежувањето со базите на 23 институции од каде може да се користат податоци и документи. Покрај тоа, Комисијата функционира со половина од предвидените кадри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Зголемени надлежности,...

Вистиномер: Партиите го бојкотираат носењето на законот за висока државна служба

Центарот за управување со промени заедно со Министерството за информатичко општество уште пред 3 години поднесоа Закон за висока државна служба. Со овој закон требаше на транспарентен начин да се избираат директори на јавни претпријатија и членови на одбори, комисии и други органи со што би се избегнала партизацијата и корупцијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу може да...

Јовески: Нееднаквоста на граѓаните пред законот е плодно тло за корупцијата

„Ние, обвинителите и судиите, во работата и одлуките кои ги носиме, мора да ја обезбедиме еднаквоста на граѓаните пред законот. Сè додека не се постигне тоа, граѓаните нема да имаат доверба во нашата работа. Тоа ја поткопува правната сигурност во општеството и е плодно тло за корупцијата која не познава граници и подеднакво ги напаѓа развиените и неразвиените држави“,...

Порталб: ОБСЕ следи 24 судски случаи на висока корупција, вклучително и поранешни случаи на СЈО

Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува да ги следи судските постапки на предмети на организиран криминал и корупција од средно и високо ниво, во рамки на заедничкиот проект со Европската Унија „Поддршка за поефикасно спроведување на правдата во случаите на корупција и организиран криминал во Северна Македонија преку мониторинг на судењата“, пренесува Порталб.мк. „Мониторингот започна во јули 2021 година и...

ДКСК со јавен повик за средношколци за креативни решенија на тема заштита на укажувачите

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) распиша јавен повик за изработка на цртежи, на кој може да учествуваат сите средношколци, особено оние од средните уметнички училишта. Целта на овој повик е да се поттикнат младите да ги искажат своите погледи на тема значењето на укажувачите на корупција и потребата за нивна заштита, преку изработка на визуелни пораки, графики...

Партиските вработувања во комуналните претпријатија како пречка за изградбата на регионалните депонии

Управувањето со отпадот во земјава, особено делот на имплементирањето на законот за отпад, не е имуно на корупција, која ја попречува побрзата реализација на проектот за воспоставување на регионални депонии. Во земјава, и по 17 години од донесувањето на законот, кој е првиот во земјава што е целосно синхронизиран со европското законодавство, сè уште има 54 општински диви депонии...

Со „Викенд на врапчето“ во скопската Зоолошка, најмладите се едуцираа за борба против корупција и судир на интереси

Во скопската Зоолошка градина викендов се одржа настан за најмладите организиран од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со цел уште од мали нозе да се развива свесноста за последиците од корупцијата и судирот на интересите, како и за заштита на укажувачите. Во рамките на настанот „Викенд на врапчето“ дечињата цртаа птици - симбол на укажувачите, а воедно се...

Поплаки и пријави за услугите на јавната администрација и за корупција ќе се поднесуваат онлајн и преку телефон

Од утре граѓаните ќе може да го користат новиот канал за онлајн-поднесување поплаки и пријави за услугите на јавната администрација и за корупција, порачаа вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. На прес конференцијата на која го промовираа „Електронски систем за онлајн поднесување...

Приведена лекарка од Куманово под сомнеж дека земала по 12.000 денари поткуп за хируршки интервенции

Полицијата денеска привела лекарка од Куманово со инцијали Е.С. под сомнение дека примала поткуп од 12.000 денари за хируршки интервенции во очното одделение во Општата болница во Куманово. Како што соопшти МВР, лекарката е осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба и овластувања и дека и покрај тоа што пациентите биле осигурани преку Фондот за здравствено осигурување, таа им...

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја побара документацијата за модуларните болници

Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека по пожарот во модуларната болница во Тетово тие отвориле предмет по допрен глас за да ги проверат јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници во државата. „За таа цел, денеска до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана...

Заев и Николовски ја промовираа кампањата „Сега сé е јавно – Корупцијата не се исплати“

Премиерот Зоран Заев и заменик-премиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска ја промовираа кампањата за подигање на свесноста и за поддршка во борбата против корупцијата. Премиерот Заев на промоцијата истакна дека под слоганот „Сега сé е јавно – Корупцијата не се исплати“ кампањата е од посебен јавен интерес и дел од...

Контраспин: Тоа што „не е препознаена“, не значи дека корупцијата ја нема на високо ниво

Не е вистина дека „никаде во највисокиот ешалон, дури ни во вториот, не е препознаена корупција“. Тоа не се вели директно, но не се отфрла, ако се прочита внимателно целиот извештај што произлезе од Стејт департментот на САД, а кој се однесува на инвестициската клима во земјата. Затоа премиерот, не може така, со општа изјава да ги амнестира и...

Владата по негативниот извештај на Стејт Департментот: Силно сме спротивставени на корупцијата

Владата на Северна Македонија со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД, после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да ги зајакнеме антикорупциските политики и да ја подобриме инвестициската клима во земјава, соопшти владината прес-служба, по најновиот извештај на Стејт Департментот на САД, кој вели...

Корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Северна Македонија, нотирано е во Извештајот на Стејт департмент

Во најновиот Извештај за инвестициска клима за 2021 на американскиот Стејт департмент се вели дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Македонија иако законската рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди. Во однос на законите се нотира дека тие често се менуваат, што креираат „непредвидлива средина за бизнис која води до корупција“. Во Извештајот се вели дека „има...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...