fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Корупцијата во (не)платеното образованието, на учениците им се земаат пари на незаконски начин

Некои по 50 денари, а другите по 100 денари, така, според учениците, некои средни училишта во Северна Македонија, со години противзаконски земале пари од учениците, за да овие добијат свидетелството. Иако сите директори кои ги контактиравме негираат такво нешто, „Порталб.мк“ обезбеди порака на еден професор кој бара пари од учениците за ова, а разговаравме и со неколку ученици. За нив, оваа практика веќе...

Општините немаат посебни механизми за спречување на корупцијата

Општините во најголем број случаи немаат развиено посебни практики и механизми за спречување на корупцијата. Свесноста за корупцијата и особено за судирот на интереси е на многу ниско ниво, додека заложбите во насока на спречување на корупцијата и судирот на интереси сè уште се само декларативни, се вели во истражувањето на НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Рефлектор врз...

Антикорупциски реформи: Напредок е забележан единствено кај ДКСK и во работата на граѓанските организации

Работењето на новиот состав на Антикорупциската комисија, посветеноста на неколку организации од граѓанскиот сектор и перспективите од новиот Закон за јавно обвинителство, се единствените светли точки во реформските постигнувања на Северна Македонија во полето на антикорупцијата и борбата со оганизираниот криминал во текот на 2019 и почетокот на 2020 година. Ова е главниот наод на истражувањето што во рамките на...

ТИ Македонија: Кризните уредби на Владата носат голем ризик од корупција

Антикорупциската организација „Транспаренси Интернешенел - Македонија“ побара Владата и сите други надлежни институции и органи да доставуваат навремени извештаи за постапувањето по уредбите што ги донесува владата, порачувајќи дека тие со себе носат многу висок ризик за корупција. ТИ Македонија порача дека ќе го следи спроведувањето на уредбите, преку правото што го дава Законот за слободен пристап до информации од...

ДКСК: Двосмислени и непрецизни закони оставаат широк простор за коруптивно однесување

Лошо формулирани законски одредби, закони напишани со неразбирлив јазик или со некохерентна правна техника, непрецизни и нејасни законски одредби овозможуваат законот различно да се толкува и оставаат широка можност за коруптивно однесување во примена на законите, нагласува Државната комисија за спречување корупција(ДКСК). Една од надлежностите на Комисијата е антикорупциска проверка на сите предлог-закони, но и на приоритетни важечки закони. Прелиминарната...

Затворски казни до две и пол години за професори од Економски факултет Скопје

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беа изречени пресудите за четиримина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет при УКИМ, кои беа обвинети за примање мито од студентите за преодни оценки во судскиот процес „Еразмус“. Професорите Славе Ристевски и Драге Јанев добија по две и пол години затвор, нивниот колега Бобек Шуклев доби две години затвор, демонстраторот Драган Денковски доби...

12 печатени медиуми ќе поделат 710.000 евра субвенции за печатење и дистрибуција

На 12 медиуми им се распределени околу 710.000 евра од владината Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Ова било одлучено на вчерашата седница на која е констатирано дека на повикот за финансиска поддршка за 2019 година пристигнале вкупно 16 барања, од кои критериумите ги исполниле само 12 медиуми. Во буџетот за оваа...

Македонија падна 13 места подолу на индексот за перцепција на корупцијата

Македонија падна за 13 места подолу на ранг листата на Индексот за перцепција на корупција, што за 2019 година денеска го објави меѓународната „Транспаренси интернешнл“. Со 35 индексни поени, земјата се најде во групата „многу ниско“, а 106-тото место меѓу 180 земји го дели со Албанија, Алжир, Бразил, Брегот на Слоновата Коска, Египет и Монголија. Годинава Македонија има 2...

„Крпен студентски живот“: Едвај тројка за животот во скопски студентски дом

На скалата од 1 (многу лош) до 5 (одличен),  квалитетот на живот во студентските домови, студентите го оцениле со просечна оценка од 2,93. Просечната оцена за животот во „Стив Наумов“ е 2,51, Во „Гоце Делчев“ - 3,79, а во „Кузман Јосифовски Питу“ е 2,5. Ова го покажало истражувањето за животниот стандард на станарите што живеат во три студентски домови...

Антикорупциска бара построги критериуми за државни субвенции за медиумите

Да се зајакнат критериумите за доделување на државна помош за печатените медиуми, бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која во Националната стратегија за спречување корупција ваквите субвенции ги оценува како ризик за корупција и клиентелизам. ДКСК бара и медиумите да не добиваат буџетски пари за изборни кампањи. Годинава, Владата ќе им додели на печатените медиуми субвенции од...

Политичкото влијание и неказнивоста се главен извор на корупција, се вели во Националната стратегијата

Јавните набавки и вработувањата во јавниот сектор се процеси кои создаваат најмногу ризици за корупција, во сите сектори на општеството, а главни причини се силното политичко влијание во јавниот сектор и неказнивоста на корупцијата. Тоа се, накратко, главните проблеми кон кои е насочена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024, што Државната комисија за спречување...

Стеван Дојчиновиќ, основачот на КРИК вратен од ОАЕ – требало да учествува на конференција на ОН за корупцијата

Стеван Дојчиновиќ, уредник и основач на Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК) и регионален уредник на Известувачкиот проект за организиран криминал и корупција (OCCRP) синоќа и ноќеска бил задржан во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), под изговор дека е на „меѓународна црна листа“ и дека не може да влезе во земјата, но не му било соопштено ништо повеќе...

На скала од 1 до 9, ризикот од корупција при државни вработувања е 9

Веројатноста за корупција при вработување во јавниот сектор е безмалку гарантирана, покажува анализата на Државната комисија за спречување корупција за ризикот од корупција во овој процес. Анализата утврдила 33 критични точки, групирани во 12 предизвици, поради сегашната правна рамка, поради човечкиот фактор и процесот на вработување и поради надворешни влијанија во процесот на вработување во јавниот сектор. Антикорупционерите во...

„Набљудување на работата на ДКСК“: Против корупцијата се бори со отчетни институции

Платформата на граѓански организации за борба против корупција денеска во хотел Холидеј Ин во Скопје одржа конференција за започнување на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. На конференцијата беше презентирана методологијата за набљудување на отчетноста на засегнати институции по одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата...

Владата воведува антикорупциско образование за основците

Учениците во основните училишта во земјава оваа учебна година ќе учат и содржини за борбата против корупцијата, решила Владата на својата денешна седница. Владиниот кабинет ја прифатил Информацијата за активностите за спроведување на клучните мерки од делот Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020. Веднаш било издадено задолжение за Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој...

Заев и Мицкоски не се договорија за СЈО, лидерската средба неуспешна

По повеќе од седум часа преговори на лидерската средба на Зоран Заев и Христијан Мицкоски и тимовите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и тоа да се трансформира, двете страни не постигнале договор. Неофицијално, на синоќешната средба тимот на СДСМ предложил да се...

Пендаровски бил разочаран од тоа што го слушнал, повикува на брза и темелна истрага

Лично, како човек, разочаран сум, одговори претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање дали е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Шефот на државата денеска напладне одржа прес-конференција за случајот „Рекет“, на која повика на брза и темелна истрага, обвиненија против сите инволвирани и политичка одговорност на сите кои било како се поврзани со случајот. - Јас, јавно, уште на самите...

Платформа против корупција: Заев и како в.д. министер за финансии, го крши антикорупцискиот закон

Ситуацијата премиерот Зоран Заев да ја врши паралелно и функцијата министер за финансии е спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, сеедно што станува збор само за привремено вршење на должноста, предупреди денеска Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. „И покрај привременото вршење на втората функција, сметаме дека обврска на институциите е да се...

Превозниците ќе може да пријават корупција на граничните премини преку мобилна апликација

Владата, надлежните институции и Асоцијацијата на превозници „Макам-Транс“ денеска потпишаа Меморандум за заедничка соработка, во борбата против корупцијата на граничните премини при влез и излез во земјата, како и граничните премини во странство. Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров истакна дека најважно средство во борбата против криминалот е информацијата за направени незаконити дејствија, навремено да стигне до надлежните институции...

Метју Каруана Галициа: Учете од Малта бидејќи никој нема да се бори против корумпираната власт подобро од вас

Името на новинарката Дафне Каруана Галициа од Малта стана, за жал, меѓународно препознатливо откако таа загина во атентат од поставена бомба во нејзиниот автомобил во 2018 година. Галициа како новинар истражуваше и објавуваше информации за повеќе мултимилионски скандали на мито и корупција и за вмешаноста на високи владини функционери од актуелната власт на актуелниот премиер Џозеф Мускат. Деновиве во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...