fbpx

Поради корупцијата и клиентелизмот, политиката најподложна на странски штетни влијанија (инфографик)

-

Политиката е област со најголем ризик за странски штетни влијанија во Македонија, покажува серија студии наСТРАТКОМ – Центарот за извонредност во стратегиски комуникации на НАТО, спроведени од првата половина на минатата до мај оваа година. Како најголеми ризици се наведени корупцијата, слабите институции и судскиот систем и концентрацијата на моќ во партиите.

„Генерално, земјата има релативно задоволително политичко претставување, но  остануваат слабостите во јавната администрација. Се верува дека политиките се носат врз основа на лични или интереси на одредена група, а државните службеници не се сметаат за независни. Моќта во политичките партии е сконцентрирана кај една личност или кај мала група. Најголем предизвик е независноста на демократските институции, а за судскиот систем генерално се смета дека се потпира на други надворешни фактори, наместо на владеењето на правото“, се заклучува во истражување во кое се анкетирани повеќе од 30 локални експерти, владини претставници, новинари, претставници на граѓанскиот сектор и на академската заедница во секоја област.

„Северна Македонија има најдобри оценки во регионот, но не толку добри за да не се почне веднаш со барање решенија за нејзините проблеми“, наведува студијата за оценка на индексот на пропустливост на надворешни влијанија. Индексот е оценка на ризикот за мешање на странски актери во домашните состојби, а 1,5 се зема како средна вредност или стабилна состојба со мал ризик.

Истражувањата на СТРАТКОМ биле истовремено спроведени во сите земји на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, а се однесувале на ризикот за штетни странски влијанија во различни области, преку различни механизми. Во студиите на СТРАТКОМ сферата на политиката се нагласува како особено ранлива на „надворешно непријателско влијание“

„Кај сите анализирани земји, политиката е сфера со најголем потенцијал за надворешно влијание. Најчестите ризици се поврзани со концентрацијата на моќ, високите нивоа на корупција, организиран криминал и неказнивост на политичките елити“, се наведува во анализата ризиците во политиката.

СТРАТКОМ нагласува дека поради високото ниво на корупција, политичарите во регионот можат да станат лесна цел за „политички мотивирани кампањи кои потекнуваат од надвор“.

„Ваквиот пристап кон политиката ги нагласи слабостите во државите и ги делегитимира институциите, а недостатокот на внатрешна демократија во партиите ја намалува довербата на јавноста во нив. Во некои од анализираните држави, неспособноста да се постигне консензус доведува до блокада, дури и кога таквата состојба јасно ги загрозува националните стратегиски интереси како интеграцијата во ЕУ или пристапувањето кон НАТО“, нагласува СТРАТКОМ.

Проблемите кои најмногу загрижуваат во Македонија, со индекс над 2,25, се концентрацијата на моќ во политичките партии и судски систем заробен од политички и бизнис интереси.

Во областите поврзани со политиката, најлоша вкупна оценка Македонија има во областа „уставен и изборен систем“, каде што се опфатени проблеми како нејасна и непредвидлива поделба на моќ меѓу институциите, нефункционален систем за демократска контрола, нема контрола на финансирање на политичките партии, институциите неефикасни во сопирање нелегално влијание во избори…

Втора најлоша оценка има областа „владеење на правото“. Некои од проблемите посочени во оваа сфера се значително влијание на политички или бизнис интереси врз судскиот систем, важните политички елити се над законот, институциите кои треба да бидат рамка на демократскиот систем, како Судскиот совет, се политизирани или нерелевантни…

Меѓу слабостите во областа на политичките партии се наведени тешкотиите да се оформи одржлива владеачка коалиција по избори, неактивна опозиција, неспособна вистински да ги критикува или да преземе активности против спорни владини одлуки, непредвидлива агенда на власта во носење закони…

Во областа на јавната администрација и рационалност на државата како проблеми се наведени: носењето политики повеќе се основа на политички интерес отколку на докази и наука, клучни државни службеници се контролирани од политички интереси, иако се формално независни, јавната администрација е генерално неефикасна во спроведување на јавните политики…

Најдобра оценка има областа „претставување“, каде биле оценувани проблеми како: приоритетите на политичките партии значително се разликуваат од приоритетите на граѓаните, политичките елити лесно потпаѓаат под влијание на религиските институции, значителен број луѓе, наместо кон државата, чувствуваат лојалност кон својот клан, неформална група или друга држава…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...