fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

МОФ: Во сите училишта да се организираат часови за информирање и подготовка за матурските испити

При одржувањето на државна матура, клучен приоритет треба да бидат здравјето, безбедноста и информираноста на сите вклучени во процесот на подготовка и полагање: учениците, наставниот и административниот кадар, техничкиот персонал, како и набљудувачите. Навремена комуникација со матурантите и обезбедување на нивна поддршка во целиот процес е клучна за успешно организирање и спроведување на матурскиот испит кој е особено значаен...

„Убер“ и „Волгринс“ со соработка за вакцинацијата против ковид-19

На 9 февруари Убер и Волгринс решија да направат партнерство поврзано со транспорт и достава на вакцини против ковид-19, пишува магазинот Форбс. “Ова партнерство е со цел сите заедници да имаат еднаков пристап кон вакцините. На овој начин на пациентите ќе им биде овозможен бесплатен превоз до клиниките каде се извршуваат вакцинирањата како и олеснување на организацијата на овој процес....

По средбата со премиерот, матурантите велат дека постои волја за компромис

По средбата со премиерот Зоран Заев, претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи посочи дека постои волја за компромис. Тие бараат да полагаат скратена програма за полагање на државна матура со образложение дека немале доволно време да ги подготват испитите. „Зборувавме со премиерот, кажавме и во јавност ние сме децидни во барањата, но и истовремено отворени да најдеме компромисни решенија....

Отворен повик за дигитални мастер класови и водење младински медиумски кампањи за средношколци

Здружението за едукативен развој – „Еквалис“ во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), Асоцијација за здравствена едукација и истражување „ХЕРА“ и „Психотерапика“ отвараат повик за учесници-средношколци за следење дигитални мастер класови и за водење младински медиумски кампањи. Младинските пакети се комбинација на три различни тематски мастер класови коишто средношколците ќе ги следат како дел од овој проект. Младинскиот пакет е...

Фејсбук автоматски ќе ги отстранува дезинформациите поврзани со вакцините против ковид-19

Фејсбук најави дека го проширува списокот на објави на социјалната мрежа поврзани со ковид-19 кои ќе ги отстранува и од Фејсбук и од Инстаграм по автоматизам по претходна консултација со експерти за јавно здравје. Во новото соопштение, од Фејсбук велат дека од декември минатата година веќе се отстрануваат „лажните тврдења за вакцините за ковид-19 кои ги отфрлија експертите за јавно...

Кјуанон теорија на заговор (Видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за Кјуанон теориите на заговор. „Она што не го знаев досега е дека во редовите на подржувачите и верувачите во овие теории на заговор има и доста луѓе од нашата држава“ - вели таа. Во видеото таа дава пример на една ваква теорија на заговор. Погледнете го видеото: https://www.youtube.com/watch?v=PfStwj0zC6A

Сојузот на средношколци бара средба со Заев за државната матура: Времето истекува, брзо да делуваме

Сојузот на средношколци денеска испратил писмо до кабинетот на премиерот, Зоран Заев со цел да побараат средба околу прашањето за државната матура, односно намалување на бројот на предмети од четири на два и скратени наставни програми. „Се надеваме дека сте информирани за ситуацијата околу државната матура и преку медиумите и преку официјалните канали на комуникација. Исто така, се надеваме дека...

Македонското студио за игри „Furious Avocado“ ја доби наградата најдобра casual игра за минатата година во Кина

Мобилната игра „Tie Dye“ што ја создаде македонското студио за игри „Furious Avocado“ ја освои првата награда за најдобра casual игра за минатата година во Кина. „Честитки и до нашиот одличен партнер и издавач CrazyLabs за наградата Најдобар издавач во 2020 година. Чест ни е да работиме со најдобрите во индустријата!“ напишаа од Furious Avocado на својата Фејсбук страница, каде...

Инстаграм додава нова опција – „неодамна избришано“

На 2 февруари на блогот на Инстаграм беше објавено дека во најновата верзија на нивната апликација ќе биде додадена опцијата „неодамна избришано“. Заедно со оваа опција се додадени заштити против хакери. За пристап до папката каде неодамна избришаните објави се складираат од корисниците ќе биде побарана верификација. Овие две функционалности се превенција на несаканото бришење на објави од страна...

Матурантите од денеска на настава, ако не се прифатат нивните барања најавија протест пред МОН

Од денеска прекинува бојкотот на матурантите кои ќе продолжат да ја следат онлајн наставата. Тие ќе почекаат Комисијата за образование, наука и спорт да го разгледа предлог-законот со кој се предвидува измена во делот за државата матура, а доколку не се прифатат и гласаат нивните барање до крајот на месецот, тие најавија протест со камп шатори пред Министерството за...

The Weekend со спектакуларен настап на овогодинешното „Супер Боул“ шоу во кое Том Брејди се закити со седмата титула

На 7 февруари се одржа овогодишното, 55то по ред, издание на финалето на американскиот фудбал - „Супер Боул“. Во финалето играа Канзас Сити и Тампа Беј, а победникот беше Тампа Беј со резултат од 31-9. На натпреварот имаше околу 25.000 гледачи што е најниска бројка во историјата на овој настан, а тоа се должи на ограничувањата поради пандемијата од...

Достапна нова мобилна апликација „Discover Ohrid“ за промоција на охридскиот туризам

Денеска пред јавноста Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, ја презентираа туристичката мобилна апликација „Discover Ohrid“. На апликацијата која е двојазична на македонски и англиски јазик, патеките поврзани со културата се и со аудио-водич, а поставената офлајн мапа во апликацијата овозможува патеките да се користат и без интернет конекција. Концептот на...

Бојкотот на наставата на дел од средношколците прекинува од утре

Сојузот на средношколци одлучи уште денеска ја да бојкотира наставата, а од 6 до 12 февруари привремено да прекине со бојкотот. „Ни требаат квалитетна настава и изменета државна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, велат од Сојузот на средношколци. Оттаму потсетуваат дека нивниот...

Мјанмар го блокираше Фејсбук поради повици за граѓанска непослушност

Поради објавување повик за граѓанска непослушност, новата воена влада во Мјанмар го блокираше пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, неколку дена откако ја соборија демократската влада и ја преземаа власта. Граѓанската непослушност доаѓа по пучот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Ќи. Мобилниот оператор Теленор Мјанмар кој е дел од норвешката група Теленор потврди дека мобилните оператори...

Кина го одби објаснувањето на Канада дека маиците со логото на Ву-Танг клан не се поврзани со корона вирусот

Продолжи дипломатскиот спор меѓу Кина и Канада околу нарачката на маици со изменето лого на хип-хоп групата Ву-Танг клан, а Пекинг го отфрли објаснувањето на Канада дека маиците не биле навреда поврзана со корона вирусот. Министерството за надворешни работи на Канада оваа недела објави дека маиците со логото „W“ на кланот Ву-Танг, но со името на групата заменето со „Вухан“...

Објавени номинациите за Златен глобус 2021

Објавени се номинациите за 78. издание на доделувањето на наградата „Златен глобус“ кое ќе биде виртуелно и е закажано за 28 февруари, два месеца подоцна во споредба со вообичаениот датум за одржување. Водители ќе бидат Тина Феј и Еми Похлер. Со најмногу номинации се издвојуваат неколку проекти на Нетфликс. Серијата „The Crown“ води со 6 номинации, а комедијата „Schitt’s Creek“...

На „Steam Game Festival“ бесплатно ќе може да се испробаат демо верзиите на повеќе од 500 претстојни видео игри

Во среда започнува новото издание на „Steam Game Festival“ организиран од компанијата за видео-игри „Валв“ (Valve). Фестивалот ќе трае сè до 9 февруари, а според најавата, на играчите ќе им биде овозможен бесплатен пристап до демо верзиите на повеќе од 500 игри кои треба да бидат објавени на „Стим“ (Steam) подоцна годинава. Како дел од фестивалот ќе бидат стриминг- преносите...

Џеф Безос се повлекува од директорското место во „Амазон“

По 27 години од основањето на Амазон, Џеф Безос се повлекува од функцијата извршен директор, објави компанијата. Безос, кој ќе остане извршен претседател, ќе му ги предаде управувањата на Енди Џеси, главниот извршен директор на „Амазон веб сервиси“. Безос го основаше Амазон во 1994 година и компанијата прерасна во една од најголемите компании во светот, стекнувајќи богатство од 185 милијарди...

Сингапур гради еко-паметен град со 42.000 домови

Со 42.000 нови домови низ пет станбени области, еко-градот Тенгах во Сингапур ќе биде 24-та нова населба изградена од владата на Сингапур по Втората светска војна. Со централизирано ладење, автоматско собирање на ѓубре и градски центар без автомобили, заштитниците на природата очекуваат дека со ова ќе се намалат емисиите на јаглерод во овој град-држава во југоисточна Азија, пишува Си-ен-ен. Таканаречениот...

МЕСА на своите канали ќе емитува едукативни емисии за е-спортот

Македонската е-спорт асоцијација (МЕСА) започна со снимање и емитување на емисии насочени кон младите, нивните погледи кон електронските наспроти традиционалните спортови, психолошкиот развој и дали играњето игри претставува вид на завист, залудно потрошено време или потенцијална професија и заработка. „За гости/соговорници сме во преговори и очекуваме како професионални лица во својата професија како првата наша емисија, така и помлади лица,...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...