Македонското студио за игри „Furious Avocado“ ја доби наградата најдобра casual игра за минатата година во Кина

Фото: Фејсбук страна на Furious Avocado

Мобилната игра „Tie Dye“ што ја создаде македонското студио за игри „Furious Avocado“ ја освои првата награда за најдобра casual игра за минатата година во Кина.

„Честитки и до нашиот одличен партнер и издавач CrazyLabs за наградата Најдобар издавач во 2020 година. Чест ни е да работиме со најдобрите во индустријата!“ напишаа од Furious Avocado на својата Фејсбук страница, каде и го соопштија нивниот успех.

Инаку „Tie Dye“ е „Направи сам“ (DIY – do it yourself) креативна игра со која може да се бои облека според свој избор. Играта е лесно разбирлива и достапна за пошироката публика.

Мета.мк минатата година разговараше со Наум Михајловски, еден од основачите на играта. Целиот текст може да се прочита на овој линк.