fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

Порталб: По најавите за протести, Теута Арифи најавува промена на цените за јавниот превоз во Тетово (инфографик)

Три дена откако студентите и студентските организации од Тетово најавија протести и го искажаа својот револт поради фактот дека во ценовникот за јавен превоз немаше ставка со која се предвидени олеснување на цените за младите, туку само за јавната администрација, градоначалничката Теута Арифи, оствари средба со претседателот на Студентскиот парламент во УЈИЕ, Агрон Демири, по што Арифи изјави дека...

Сојуз на средношколци: Предавањата не беа ефикасни и квалитетни како во претходните години

Сојузот на средношколци и натаму не отстапува од барањето да има измени во државната матура. Една од причините за ова е поради затворањето на училиштета од март 2020 година, бидејќи како што велат, предавањата не биле поеднакво ефикасни и квалитетни како во претходните години. „Вообичаено за предмет што би го имале 5 пати неделно со 45 минутен час, ние сега...

МОН: Училиштата да најдат начин да ги надоместат изгубените часови

Додека еден дел од матурантите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука посочува дека постапката за органзиирање на матурата тече, додека 14.000 ученици пријавиле матура. Министерката Мила Царовска, која денеска во Штип пред бизнис секторот го презентираше проектот „Учи паметно, работи стручно“, беше прашана дали ќе има продолжување на училишната година, поради големиот број на загубени часови. „Секое училиште...

Лажна вест е дека има учебници за второ одделение со содржини за сексуално образование, велат од МОН

Министерството за образование и наука ги демантираа информациите проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Како што појаснуваат од МОН, прикажаните текстови и илустрации кои се додаваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни...

Интервју со фуд блогерот Бранко Попоски: Готвењето е љубов, исполнување, задоволство

“Кратoк, би рекол дека не може да биде, зaшто секогаш кога ќе ми кажат 'Дај нешто кратко и концизно', а јас сум човек кој што многу сака да зборуваме не само за себе туку и за другите, потребни се повеќе од еден лист А4 формат хартија”, смеејќи вели Бранко Попоски, фуд блогер, кога побаравме да каже нешто за себе. Бранко за Порталб.мк...

„Чиста околина“ се враќа на музичката сцена

Македонските хип-хоп пионери „Чиста околина“ се враќаат на музичката сцена со три нови албуми кои ќе ги издаде „Филтер лејбел“. Предвидено е во мај да излезе првиот албум, „Avantgarde Fatiguée”, кој ќе биде најавен со два сингла. Вчера на дигиталните музички сервиси излезе и песната „Си играме со рапот“, што беше објавена пред пет години, кога и се одбележија 20 години...

Сојузот на средношколци од Собранието бара привремена законска измена за државната матура

Денеска е последен ден од бојкотот на средношколците, а викендов тие ќе одлучуваат кои ќе бидат нивните идни чекори во врска со наставата, велат од Сојузот на средношколци. Како што потенцираат оттаму, до Собранието е доставено и барање до пратениците да одржат јавна дебата за нивните барања на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои...

Порталб: Студентите во Тетово ќе плаќаат за јавен превоз повеќе од административците, најавуваат протести

Усвојувањето на ценовникот за јавен превоз во Тетово денеска беше проследено со реакции на студентите и студентските организации, бидејќи цените за студентите се поскапи од оние за општинските административци, а не беа прифатени предлозите на советниците за движење БЕСА и Алијанса за Албанците за олеснувања за студентите. Директорот на ЈП „Тетово Транспорт“ ја остави отворена можноста за промени во...

Заев најави блокада на Телеграм во Македонија ако не ја затворат групата „Јавна соба“

Премиерот Зоран Заев, преку социјалните мрежи најави дека ако апликацијата Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“ каде се споделува порнографска и приватна содржина, како и детска порнографија, Владата ќе ја разгледа опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија. Според него, апликацијата би била блокирана сѐ додека компанијата што ја издава не помогне околу...

Наум Михајловски од Furious Avocado ќе присуствува на Конференција за хипер игри

На овогодинешното онлајн издание на Конференцијата за хипер игри кое ќе се одржи на 4 и 5 февруари, ќе учествува и Наум Михајловски, од македонското студио за игри „Furious Avocado“ кое е познато по својата мобилна игра „Tie Dye“. На конференција која е посветена на развој, промоција и раст на индустријата за хипер игри, ќе зборуваат над 30 говорници, а...

Еко Логик започна проект за циркуларна економија за средно образование

Здружението на граѓани Еко Логик, започна со активности од проектот CIRCLE-LAB Еразмус+ КА201 кој се стреми кон развој на курсеви за тренирање на наставници, како и едукативни алатки на темата циркуларна економија, со фокус на одржлива хемија. „Платформата ќе нуди неколку дигитални алатки како видеа, игри, интерактивни прирачници за едуцирање на сите поврзани со училиштето (ученици, наставници, семејства), со цел да...

Европски услови за практична настава во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид

Учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид во иднина ќе имаат посовремени услови за следење на практичниот дел од наставата благодарение на новиот современ кабинет кој беше опремен неодамна. Кабинетот располага со стандардна угостителска опрема, нагледни средства, наставни помагала и компјутерска опрема кои значително ќе придонесат за поефикасна обука и подобрување на квалитетот на ученичката пракса. Опремувањето...

Министерството за образование и Државниот студентски центар во несогласување околу повртатот на средства за студентите

Студентите кои уплатија за сместување и исхрана во државните студентски домови за месец март минатата година, кога домовите беа затворени заради пристигнувањето на корона вирусот во државата, сè уште не ги добиле назад уплатените средства. Според одлуката која во април ја донесе управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“, студентите кои имаа легло беа ослободени од плаќање партиципација за...

Младите на „Една може!“ во борба против неправдите и стигмата кон децата од еднородителски семејства

Младите на Една може!
Неодамна започна да функционира подмладокот на организацијата „Една може!“, која претставува прва и единствена граѓанска организација за унапредување на правата на еднородителските семејства, во најголема мера на самохраните мајки. Иако не се знае колкав е точниот број на самохрани родители во државата, во оваа организација се регистрирани околу 5.000 членови. Дел од самохраните родители добиваат помош и поддршка од...

Онлајн издание на Global Game Jam од 27 до 31 јануари

Овогодинешното издание на Global Game Jam ќе се одржи онлајн од 27 до 31 јануари. На овој настан секоја година се создаваат игри и се одвива на глобално ниво на повеќе различни локации. „Сите сте поканети! Гејм дизајнери, 2Д артисти, програмери и девелопери, саунд дизајнери, 3Д моделери, раскажувачи и писатели, мрчатори, ловци на багови, но и сите кои сакаат...

Во четврток шесто издание на глобалниот настан „Ноќ на идеите“ на тема пандемијата со ковид-19

В четврток, 28 јануари, со почеток во 17 часот на платформата Зум ќе се одржи шестото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ на која преку онлајн дебата на тема „Дигитална ера: Толку далеку, а толку блиску - Новите навики по пандемијата“, ќе учествува и Францускиот институт во Скопје во соработка со Акцелераторот на УКИМ. „Во фокус на изданието во...

Британската јутјуберка Грејс Виктори е во кома поради ковид-19, ден по породувањето

Британската јутјуберка Грејс Виктори од Бакингемшир, падна во кома поради ковид-19, ден откако го роди своето прво дете, објави Гардијан. Јутјуберката развила симптоми на корона вирус пред повеќе од еден месец, но нејзиното здравје започна да се влошува како што одминуваше декември. И покрај тоа што требаше да се породи во февруари, лекарите избраа таа да се породи на...

Ди Џовани: Без амбициозни зафати во образованието, уште повеќе ќе се продлабочи образовната криза

Понудената концепција за основно образование од Министерството за образование и наука ги содржи сите клучни сегменти кои треба да се постигнат со реформата. Без амбициозни зафати во образованието, пандемијата на ковид-19 уште повеќе ќе ја продлабочи сегашната образовна криза, со катастрофални последици по генерации ученици, како и по економската продуктивност и социјалната кохезија во земјата, смета претставничката на УНИЦЕФ,...

Твитер со нова пробна опција против дезинформации

На 25 јануари на нивниот блог Твитер соопштија дека воведуваат нова пробна (пилот) опција во борба против дезинформации наречена „Birdwatch“. Оваа опција ќе им овозможи на корисниците на Твитер да идентификуваат информации за кои сметаат дека се дезинформации и да остават забелешка со информативен контекст. Во соопштенитето од Твитер велат дека сакаат да ја направат оваа опција што е можно...

Натпревар за најдобар цртеж на тема „Смени ги климатските промени“ со поддршка на амбасадата на Велика Британија

Новинари за човекови права со поддршка од амбасадата на Велика Британија, во рамки на проектот „Смени ги климатските промени", организира натпревар за најдобро уметничко дело - цртеж на истоимената тема. „Уметничките дела треба да ја опфатат темата животна средина, климатски промени, иднината и планетата. Натпреварот трае до 29 јануари и во текот на февруари најдоброто дело ќе биде изложено на...

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега,...