Наум Михајловски од Furious Avocado ќе присуствува на Конференција за хипер игри

Фото: Фејсбук страна на Hyper Games Conference

На овогодинешното онлајн издание на Конференцијата за хипер игри кое ќе се одржи на 4 и 5 февруари, ќе учествува и Наум Михајловски, од македонското студио за игри „Furious Avocado“ кое е познато по својата мобилна игра „Tie Dye“.

На конференција која е посветена на развој, промоција и раст на индустријата за хипер игри, ќе зборуваат над 30 говорници, а ќе има и 1.000 учесници од 20 земји со 100 брендови на игри.

Целта на настанот е да ги обедини компаниите што развиваат игри со издавачи и рекламни платформи. Ќе се зборува за основите и методите за развој за ваков тип на игри, маркетинг, успешни приказни, а ќе има и панел дискусии за развој и објавување игри.

Активностите ќе бидат на руски и на англиски јазик.

Повеќе детали може да се прочитаат на овој линк.