Британската јутјуберка Грејс Виктори е во кома поради ковид-19, ден по породувањето

Фото: Принтскрин од Инстаграм профилот на Грејс Виктори, instagram.com/gracefvictory

Британската јутјуберка Грејс Виктори од Бакингемшир, падна во кома поради ковид-19, ден откако го роди своето прво дете, објави Гардијан. Јутјуберката развила симптоми на корона вирус пред повеќе од еден месец, но нејзиното здравје започна да се влошува како што одминуваше декември. И покрај тоа што требаше да се породи во февруари, лекарите избраа таа да се породи на Божиќ поради нејзината здравствена состојба.

„Ја сакаме толку многу и знаеме дека ќе излезе од ова посилна од кога било. Таа целата своја кариера ја посвети на помагање на луѓе, сега ве замолуваме да се молите за таа да се излекува“, се вели во изјавата на нејзиното семејство.

Во објавата споделена на Инстаграм на крајот на декември, нејзиното семејство вели дека состојбата на Виктори моментално е стабилна и дека нејзиниот син е роден здрав и е во добра состојба.