„Чиста околина“ се враќа на музичката сцена

Фотографија од албумот „Новиот апсект на старата школа“ / Фото: Принтскрин од Јутуб

Македонските хип-хоп пионери „Чиста околина“ се враќаат на музичката сцена со три нови албуми кои ќе ги издаде „Филтер лејбел“.

Предвидено е во мај да излезе првиот албум, „Avantgarde Fatiguée”, кој ќе биде најавен со два сингла.

Вчера на дигиталните музички сервиси излезе и песната „Си играме со рапот“, што беше објавена пред пет години, кога и се одбележија 20 години од постоењето на групата.