Еко Логик започна проект за циркуларна економија за средно образование

Фото: https://ecologic.mk/

Здружението на граѓани Еко Логик, започна со активности од проектот CIRCLE-LAB Еразмус+ КА201 кој се стреми кон развој на курсеви за тренирање
на наставници, како и едукативни алатки на темата циркуларна економија, со фокус на одржлива хемија.

„Платформата ќе нуди неколку дигитални алатки како видеа, игри, интерактивни прирачници за едуцирање на сите поврзани со училиштето (ученици, наставници, семејства), со цел да се зајакне свеста на учениците и наставниците за одржливоста и циркуларната економија, поддржувајќи активно граѓанство, потенцирајќи ги нивните попречни вештини и нивниот интерес за НТИУМ предметите: наука, технологија, инжинерство, уметност и математика“ се вели во соопштението.

Од Еко Логик појаснуваат дека проектот се стреми да го доближи хемиското образование поблиску до темата за одржливост. Circle Lab ќе се фокусира и на одржлива хемија, со цел да се елаборира на материјалите и процесите врз база на обновливи и богати извори како јаглерод диоксид, биомаса, сончева енергија, со посебно внимание на циклусите на материјалите и трајноста на продуктите.

Овој проект опфаќа 9 партнери од 5 земји, меѓу кои Шведска, Италија, Литванија, Шпанија, и Северна Македонија, и ќе сплоти намери за култивирање едукативни содржини за одржлива хемија за средно образование, наменето за наставници и ученици.