Натпревар за најдобар цртеж на тема „Смени ги климатските промени“ со поддршка на амбасадата на Велика Британија

Новинари за човекови права со поддршка од амбасадата на Велика Британија, во рамки на проектот „Смени ги климатските промени”, организира натпревар за најдобро уметничко дело – цртеж на истоимената тема.

„Уметничките дела треба да ја опфатат темата животна средина, климатски промени, иднината и планетата. Натпреварот трае до 29 јануари и во текот на февруари најдоброто дело ќе биде изложено на билборд во Скопје. Вашите цртежи може да вклучуваат и порака за заштита на животната средина.  Цртежите пратете ги во инбокс и ПДФ верзија до Journalists for human rights – JHR или во оргинална верзија на ул.Страшо Пинџур бр.7/4,“ се вели во повикот.