Твитер со нова пробна опција против дезинформации

На 25 јануари на нивниот блог Твитер соопштија дека воведуваат нова пробна (пилот) опција во борба против дезинформации наречена „Birdwatch“. Оваа опција ќе им овозможи на корисниците на Твитер да идентификуваат информации за кои сметаат дека се дезинформации и да остават забелешка со информативен контекст.

Во соопштенитето од Твитер велат дека сакаат да ја направат оваа опција што е можно потранспарентна со тоа што ќе овозможат сите податоци кои ќе бидат придонесени кон „Birdwatch“ да бидат јавно достапни, како и јавно објавување на кодот и алгоритмите позади оваа опција.

Засега оваа опција ќе биде достапна само за тест корисници од САД, со планови за проширување кон глобалната заедница на Твитер. Соопштението во целост можете да го прочитате овде.