Бојкотот на наставата на дел од средношколците прекинува од утре

Средношколците на протест против онлајн настава (август, 2020 година) / Фото: Арбнора Мемети

Сојузот на средношколци одлучи уште денеска ја да бојкотира наставата, а од 6 до 12 февруари привремено да прекине со бојкотот.

„Ни требаат квалитетна настава и изменета државна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, велат од Сојузот на средношколци.

Оттаму потсетуваат дека нивниот бојкот е последица за немањето слух на нивните проблеми и дека нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на овогодинешната државна матура.

Од Сојузот претходно објавија аргументи зошто сметаат дека треба да има измени во државната матура, но од Министерството за образование и наука и натаму стојат на ставот дека за измени во матурата ќе може да се разговара идната учебна година.