Продолжи дипломатскиот спор меѓу Кина и Канада околу нарачката на маици со изменето лого на хип-хоп групата Ву-Танг клан, а Пекинг го отфрли објаснувањето на Канада дека маиците не биле навреда поврзана со корона вирусот.
Министерството за надворешни работи на Канада оваа недела објави дека маиците со логото „W“ на кланот Ву-Танг, но со името на групата заменето со „Вухан“ не биле поврзани со корона вирусот. Маиците во кинеско производство, наводно, биле порачани минатото лето од некој во канадската амбасада во Пекинг поради што неодамна почнаа да кружат гласини на интернет во Кина.
China’s Foreign Ministry says it has lodged a solemn representation with the Canadian Embassy over reports staff ordered t-shirts last year with “Wuhan” and a “bat symbol.” Per blogger Zhou Xiaoping, this is the image. Any hip-hop fan can tell you though that’s a W for the Wu pic.twitter.com/ooTFzh2oRn
— Austin Ramzy (@austinramzy) February 1, 2021
Кинеските критичари велат дека „W“ е всушност лилјак, а маицата има за цел да имплицира поврзаност на животните со појавата на вирусот во градот Вухан, претставувајќи стереотип за кинескиот вкус за јадење егзотични видови.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, во средата пред новинарите изјави дека објаснувањето на Канада досега „не е убедливо“.
„Погрешното постапување на засегнатиот канадски персонал веќе предизвика огромно влијание и силно незадоволство кај обичниот кинески народ. Канадската страна треба сериозно да ја сфати работата и да даде јасно објаснување што е можно поскоро“, рече Ванг.
Во средата, портпаролот на канадското Министерство за надворешни работи, Кристел Шартранд, изјави:
„Логото на маицата дизајнирано од член на амбасадата ја покажува буквата W и не е наменета да претставува лилјак. Создадена е за тимот на амбасадата што работи на враќање на Канаѓаните од Вухан на почетокот на 2020 година. Ова беше лична иницијатива од вработен и не беше одобрена од амбасадата, ниту од Global Affairs Canada. Жалиме за недоразбирањето“, рече Шартранд.
Контроверзноста дополнително ги надразнува односите меѓу земјите кои се појавија во изминатите две години во врска со барањето на Кина, Канада да го ослободи врвниот извршен директор на комуникацискиот гигант Хуавеј, кој се бара под обвинение за измама во САД.