fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

Протести во време на пандемија: Младите го креваат гласот без оглед на условите

Пандемијата со корона вирусот и условите кои ги наметна не ја спречи младината низ светот да го крене својот глас за промените во општествата што ги засегаат токму нив. Од почетокот на пандемијата па досега, светот беше сведок на младински протести, собири и соочувања со полицијата. И покрај забраната за собири над 100 лица, стотици студенти на универзитетите во Грција...

Анкета на „Младите можат“: Загадувањето најголем проблем за младите од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

Скоро половината од младите испитаници на анкетата која ја спроведе граѓанската организација „Младите можат“ одговориле дека се делумно задоволни од животот во општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров. Од 2 до 11 проценти се изјасниле дека воопшто не се задоволни. Истражувањето било спроведено во ноември и декември 2020 година, со лица од 15 до 29 години, во трите општини. „Генерално,...

Започнува првата академија за улични танци „ВАДА“

Во креација на координаторката Ивана Балабанова од Битрикс Културно-уметнички Центар и Американската Амбасада во С.Македонија, од 21 февруари годинава започна проектот ВАДА - Виртуелна Американска Танцова Академија. Во проектот како партнери се јавуваат КСП „ЦЕНТАР ЈАДРО“ (Јасмина Билаловиќ) и Младински Културен Центар (Ванчо Богоев), како и The Bureau of Educational and Cultural Affairs ( ECA) of the U.S. Department...

Франшизите „Warcraft“ и „Diablo“ во фокусот на 30-годишнината на „Близард“

Blizzard
Во видео интервју за „Вашингтон пост“, претседателот на компанијата за видеоигри „Близард“, Џ. Ален Брек, зборува за стојалиштето на неговата компанија за време на најновото издание на една од најголемите гејминг конвенции во светот - Близкон (BlizzCon). Оваа конвенција, како другите слични настани, се одржа виртуелно поради пандемијата. Брек заедно со потпретседателот на „Близард“, Ален Адам, најави дека после неколкуте...

Млади амбасадори за климатски промени ја симулираат Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26

Дваесет млади амбасадори за климатски промени, заедно со експерти и граѓански активисти, денеска се дел од првата симулација на Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26, која се одржува во земјава и пошироко, во организација на организацијата „Гоу Грин“. Млaдите амбасадори, кои претходно беа обучени преку онлајн курсот за климатска дипломатија, пред почетокот на конференцијата ги слушнаа препораките на експертите,...

Отворен Младински ресурсен центар „I can“ во Гостивар

Отворен е првиот Младински ресурсен центар „I can“ во Гостивар за потребите на младите во Полошкиот регион, чија мисија е подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот. „Младинскиот ресурсен центар во Гостивар ќе нуди...

Обединет Балкан за чист воздух: Аерозагадувањето е една од причините за зголемена смртност и повисоки здравствени трошоци

Аерозагадувањето ги скратува нашите животи, а некогаш и ни ги одзема. Поради неговите последици одиме почесто на доктор за да се лекуваме од разни респираторни заболувања. Лошиот квалитет на воздухот е една од причините за зголемена смртност, пократок животен век и повисоки здравствени трошоци на граѓаните од западен Балкан, укажуваат балканските еко-организации преку Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“. „Последиците...

Проекции на филмови за „Њу Ордер“ и Леонард Коен во Кинотека на 19 февруари

На 19 февруари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани два музички документарни филмови „Њу Ордер – Декади“ и „Мериен и Леонард Коен: Зборови за љубовта“ во рамките на настанот „Загревање“ на „Скопје Синема Сити“. „Загревање“ е полугодишен настан каде се прикажува избор на филмови од претходното издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“. Минатата година бенд во фокус беа манчестерскиот...

Константин Пејоски е балканскиот претставник во Европската аматерска е-спорт федерација

Константин Пејоски од Македонската Е-спорт асоцијација (МЕСА) е балканскиот претставник во Европската аматерска е-спорт федерација. Веста ја сподели Европската федерација на својата Фејсбук страница и му посакаа добредојде на Пејоски. „Со огромно задоволство, ја имаме честа да Ви соопштиме дека официјално македонскиот е-спорт добива европски размери! Гордоста е голема да се биде членка и претставник на балканот во европската аматерска...

Меѓународната недела на Филозофскиот факултет: Онлајн предавања и дискусии со странски професори за пандемиите

Со предавање на полскиот професор и филозоф, Михаил Козловски од Факултетот за филозофија и социологија во Варшава, Полска, денеска започна третата по ред Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која се одржи онлајн преку платформата Зум. Овогодинешната тема на настанот е „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки“, на која свое...

Државниот матурски одбор го прифати предлог-моделот за државната матура

Државниот матурски одбор го прифати предлогот државната матура да се состои од четири испити, односно два екстерни и два интерни и проектна задача, информираше Министерството за образование и наука. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог-концепција. „На денешниот онлајн состанок, министерката за образование и наука, Мила Царовска и претставниците на одборот, меѓу кои и претставници од Бирото...

За МОН прифатлив е компромисот за државната матура

Прифатливо е компромисното решение за начинот на полагање на државната матура коешто го прифати и Сојузот на средношколци, соопшти Министерството за образование и наука. Оттаму уверуваат дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, пришто ниту еден од нив нема да биде оштетен, а државата го задржува стандардот од два екстерни и два интерни испити. „Уште утре Матурскиот одбор...

Матурантите го прифатија предлогот на Владата на државната матура да се полагаат два екстерни и два интерни испити

Сојузот на средношколци го прифати решението за државната матура за кое разговараa на средбата со премиерот Зоран Заев, пратеничката Зајкова и советникот на премиерот Тасев, а кое подразбира да се полагаат два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен испит да се организира интерно, соопштија денеска од Сојузот, откако претходно беше најавено дека викендов ќе ја донесат одлуката. Овој...

На УКИМ и УКЛО се пријавуваат повреди на студентските права, другите универзитети немаат правобранители

универзитети студенти
Недостапни професори, ненавремено закажување на испити, скратени рокови за сесии и бавни процеси на издавање документи од студентските служби – ова се проблемите што студентите ги пријавувале кај студентските правобранители на дел од државните универзитети во Македонија. Според Законот за високо образование, заради заштита на правата на студентите, на секој универзитет се избира студентски правобранител. Тој делува на ниво на...

Матурантите викендов ќе одлучат која од понудените две опции за државна матура ќе ја прифатат

На државната матура, матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години или пак, да се полагаат четири предмети по скратени програми. Ова се опциите што ги понуди Собранискиот клуб за младински прашања и политики на денешната дебата за државната матура со претставници на Сојузот на средношколците. Сојузот викендов ќе одлучи...

Виртуелен концерт на Пост МалоУн за 25 години од создавањето на Покемон

На 11 февруари на својот Твитер профил раперот Пост Малоун (Post Malone) објави дека ќе одржи виртуелен концерт во соработка со Покемон по повод 25 години од објавувањето на првата Покемон игра во 1996 година. Концертот ќе се одржи на 27 февруари во 1 часот наутро во нашата временска зона, а може да се погледне на Јутјуб, Твич како...

Со донации за компјутери и таблети, општините во обид да обезбедат пристап до онлајн настава за сите ученици

Далечинското учење, односно онлајн наставата, наметната од условите поради пандемијата, ја истакна нерамноправноста и неусогласеноста на уживањето еднакви можности за сите. Дел од учениците, но и професорите, се соочија со недостаток на дигитални уреди и алатки, но и пристап до интернет. Ова ја засили потребата општините да излезат во пресрет и да обезбедат пристап до образование во услови на...

Меѓународен ден на научничките: МОН ќе ја унапредува поддршката за талентирани ученици

По повод Меѓународниот ден на девојките и жените научнички, 11 февруари, Министерството за образование и наука (МОН) го честита денот и се приклучува кон неговото глобално одбележување. Како што велат од ресорното министерство, нивните главни заложби и приоритети се да создаде образование преку кое секое дете ќе ги достигне својот полн потенцијал и ќе ги развива своите афинитети, но...

Инстаграм воведува нови правила против говорот на омраза во приватните пораки

На 10 февруари на блогот на Инстаграм беше објавено дека ги ажурираат правилата поврзани со говорот на омраза, особено кон приватните пораки. Оваа новина доаѓа откако неодамна беа упатени расистички коментари онлајн насочени кон фудбалери од Велика Британија. „Бидејќи приватните пораки се за приватни разговори ние не користиме технологија која проаткивно ќе забележува содржина како говор на омраза меѓутоа можеме...

Објавени цртежите кои победија на натпревар од проектот „Смени ги климатските промени“

„Новинари за човекови права“ ги објави победничките цртежи кои се натпреваруваа во склоп на проектот „Смени ги климатските промени“, којшто беше реализиран од нивна страна, а поддржан од Британската Амбасада во Скопје. Првото место го освои Сара Андоновска, чиј цртеж ќе биде поставен на билборд во Град Скопје. На натпреварот, Сара Цветановска го освои второто, а Нејла Аџија третото место. Честитки...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...