Отворен повик за дигитални мастер класови и водење младински медиумски кампањи за средношколци

Фото: Nick Morrison на Unsplash

Здружението за едукативен развој – „Еквалис“ во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), Асоцијација за здравствена едукација и истражување „ХЕРА“ и „Психотерапика“ отвараат повик за учесници-средношколци за следење дигитални мастер класови и за водење младински медиумски кампањи.

Младинските пакети се комбинација на три различни тематски мастер класови коишто средношколците ќе ги следат како дел од овој проект. Младинскиот пакет е спој на 3 мастер класови коишто ги отвораат темите поврзани со младинскиот активизам и активното граѓанство, критичкото размислување и реториката, романтичните врски и менталното здравје и сеопфатното сексуално обраозование.

Овие пакети ги отвораат темите коишто најчесто се маргинализирани или истиснати во формалното образование, а коишто се актуелни и суштествено важни за младите.

На повикот може да аплицираат средношколци од прва до четврта година од сите средни училишта во државата.

Заинтересираните треба да го пополнат апликацискиот формулар достапен на следниот линк најдоцна до 10 февруари, 16 часот. Во формуларот треба да се одбере прв и втор избор на младински пакет. Вториот избор значи дека доколку бројот за првоизбраниот пакет е исполнет, би се согласите да учествувате во второизбраниот младински пакет.

Повеќе детали може да се прочита на овој линк или преку електронската адреса [email protected] .

Проектот „Младински пакети и ангажираност преку младински кампањи“ е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.