Џеф Безос се повлекува од директорското место во „Амазон“

Јеф Безос / Фото: Los Angeles Air Force Base Space and Missile System Center, Wikimedia commons

По 27 години од основањето на Амазон, Џеф Безос се повлекува од функцијата извршен директор, објави компанијата. Безос, кој ќе остане извршен претседател, ќе му ги предаде управувањата на Енди Џеси, главниот извршен директор на „Амазон веб сервиси“.

Безос го основаше Амазон во 1994 година и компанијата прерасна во една од најголемите компании во светот, стекнувајќи богатство од 185 милијарди долари. Амазон, кој започна како продавница на книги преку Интернет сега е доминантна сила во компјутерскиот ‘cloud’, намирниците, електрониката и забавата и вработува повеќе од 1,1 милиони луѓе. Во последните три месеци од минатата година, компанијата за првпат забележа продажба од над 100 милијарди долари.

„Амазон е тоа што е поради иновативноста, вели Безос. Кога ќе ги погледнете нашите финансиски резултати, она што всушност го гледате се долгорочните кумулативни резултати на иновациите“, вели Безос.

Тој се повлече од секојдневното работење на Амазон во последниве години за да посвети поголемо внимание на неговите други интереси, вклучително и истражување на вселената и неговата сопственост на „Вашингтон пост“. Но, неговото заминување како извршен директор беше неочекувано. Промената на раководството доаѓа во чудно време за Амазон. Додека профитот продолжува да се зголемува, тој се соочува со притисок од работниците кои се жалеле на малтретирање за време на пандемијата и зголемување на политичката контрола на големината и моќта на нејзиниот бизнис.

Педесет и двегодишниот Енди Џеси долго време се сметаше за наследник на Безос, а одделот кој го води, Амазон веб-услуги (AWS) стана една од најважните оддели на компанијата, сочинувајќи 10 отсто од продажбата во последниот квартал и 52 отсто од профитот на компанијата.

Минатиот месец, AWS одби да ја хостира апликацајта Парлер, потенцијален ривал на Твитер, популарен меѓу приврзаниците на Доналд Трамп, вклучувајќи ги и оние кои учесвуваа во немирите во Капитол хил од почетокот на јануари.