петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: фејсбук | 216 резултати

ЕУ ги предупреди Маск и Закерберг заради дезинформации на социјалните мрежи околу конфликтот меѓу Израел и Хамас

12 октомври 2023

Европската Унија издаде предупредување до Илон Маск за наводни дезинформации околу нападот на Хамас врз Израел, вклучувајќи и лажни вести и „пренаменети стари слики“ на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер. Писмото со предупредување пристигнува помалку од два месеца откако стапија на сила новите закони со кои се регулира содржината на социјалните мрежи во […]

Дали и како можеме да побараме од социјалните мрежи да избришат дел од нашите лични податоци?

31 август 2023

Во време кога дигиталните отпечатоци можат да остават трајно влијание, луѓето се сè повеќе загрижени за податоците што ги споделуваат на и со социјалните мрежи. Иако овие платформи нудат невидена поврзаност и интеракција, тие истовремено чуваат мноштво лични податоци со кои корисниците можеби сакаат да управуваат или да ги избришат. Од Фејсбук, преку Инстаграм, Јутјуб, […]

Лична карта на жена од Кочани злоупотребена за подигање брз кредит

4 август 2023

Нова малверзација со лични карти на граѓаните, кои се злоупотребуваат за подигање на брзи кредити. 44 годишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип е најновата мета на измама, која вчера во 17 часот случајот го пријавила во полиција, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Таа пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за […]

Фејсбук забранува нацистичка и антисемитистичка содржина

11 јули 2023

Не само што Фејсбук не вели дека „Хитлер бил добар човек, демократ кој се борел за права“, како што се тврди во постот, туку и ги санкционира таквите наративи и измислици. Во однос на тенденциозната констатација дека „не е случајно“ тоа што „Зеленски е пуштен на најјако“, Фејсбук нема никаква врска креирање или споделување содржини […]

Канадската влада ги повлекува рекламите од Инстаграм и од Фејсбук

6 јули 2023

Канадската федерална влада соопшти дека ќе ги повлече сите свои реклами од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Најавата следува по потегот на компанијата „Мета“, во чија сопственост се платформите, да ги ограничи содржините со вести за Канаѓаните. На овој чекор, пак, „Мета“ се одлучи откако парламентот во Канада усвои закон што ќе ги принуди технолошките […]

Инстаграм и Фејсбук ќе го ограничат пристапот до вести за Канаѓаните

23 јуни 2023

Компанијата „Мета“ соопшти дека ќе почне со ограничување на вестите за канадските корисници на платформите Фејсбук и Инстаграм, откако парламентот во Канада го усвои контроверзниот закон за онлајн вести. Предлог-законот предвидува големите платформи како Фејсбук да ги компензираат издавачите на вести – медиумите, за содржините што ги објавуваат на социјалните мрежи. „Мета“ и „Гугл“ веќе […]

Илон Маск и Марк Закерберг договорија борба во кафез

22 јуни 2023

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез. Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг. I’m up […]

Србија со најмногу барања до „Мета“ за пристап до податоци за корисниците

21 јуни 2023

Од сите држави на Западен Балкан, Србија испратила најголем број барања до компанијата „Мета“ за увид во податоците на корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, покажуваат најновите податоци што ги објави технолошкиот гигант за втората половина од 2022 година. Матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук од 2013 година објавува шестмесечни извештаи за транспарентност, во […]

Условите за користење на Фејсбук, не се менуваат со пишување на статус

16 јуни 2023

Објавата што се споделува во овој пост се шири на Фејсбук барем од 2012 година во различни форми, но согласно условите за користење на Фејсбук, самите корисници го контролираат нивото на приватност на содржините коишто ги споделуваат. Овие услови за користење не може да се променат со едноставно споделување на статус на вашиот профил, пишува „Вистиномер“ […]

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

6 јуни 2023

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел од низата чекори за борба против лажните вести и дезинформациите што доаѓаат од Русија, јавува „Гардијан“. Во исто време, ЕУ ја предупреди платформата Твитер дека ќе […]

Рекордна казна за Мета, сопственикот на Фејсбук, од 1,2 милијарди евра

22 мај 2023

Американскиот технолошки гигант „Meтa“ е казнет со рекордни 1,2 милијарди евра заради непочитување на правилникот за приватност на ЕУ. Ирската комисија за заштита на податоци соопшти дека „Мета“ ја прекршила општата одредба за заштита на податоците, кога збирката на лични податоци на европските корисници на Фејсбук ги префрлила во САД, а притоа не ги заштитила […]

Антикорупциска: Злоупотребен е профилот на Фејсбук на претседателката Ивановска

27 февруари 2023

Злоупотребен е профилот на Фејсбук на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска. На нејзиниот приватен профил преку фотомонтажа се злоупотребуваат семејни фотографии, информираше ДКСК, од каде велат дека случајот претставува дефокусирање на јавноста. „Во интерес на вистината ја информираме јавноста дека приватниот профил на социјалната мрежа Facebook на претседателката на […]

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер со нови правила на ЕУ за објава на „токсични“ содржини

20 февруари 2023

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер потврдија дека ќе подлежат на строгите правила што ги предвидува законот на Европската Унија (ЕУ) за модерирање на содржините. Според Законот за дигитални услуги (Digital Services Act), платформите имаат рок до  петок на полноќ да ги известат европските регулатори колку Европејци ги користат нивните услуги, пренесува „Политико“. Платформите и пребарувачите […]

Корисниците на Инстаграм и Фејсбук ќе може да платат за верификација на нивните профили

20 февруари 2023

Корисниците на Инстаграм и Фејсбук сега ќе може да плаќаат за да ја добијат сината ознака за верификација, соопшти компанијата „Мета“, а пренесе Би-би-си. Услугата „Meta Verified“ ќе чини 12 долари месечно на веб и 15 долари за корисниците на мобилниот телефон „Ајфон“. Услугата неделава ќе стане достапна во Австралија и Нов Зеланд, а според извршниот […]

На Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм

26 јануари 2023

Компанијата „Мета“ вчера објави дека ќе му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати на Фејсбук и Инстаграм, две години по неговата првична суспензија, пренесуваат медиумите во САД. Во својот блог „Мета“ рече дека ќе ги врати корисничките сметки на Трамп во текот на следните неколку недели. Доколку поранешниот претседател уште еднаш […]

ИТ експертот и хуманитарец Здравко од Србија, претставен како да е од С. Македонија

11 јануари 2023

Постот е манипулативен, прикрива важни информации и создава погрешна слика во јавноста. Дури кога ќе се отвори написот којшто се споделува во објавата  читателот  може да разбере дека приказната ниту се однесува на Здравко од С. Македонија, ниту пак, фокусот е ставен на неговата невработеност, туку на неговата хумана работа.  Имено, Здравко Стакиќ е ИТ […]

Нова казна за „Мета“, овој пат поради користење на податоците на луѓето за насочување на реклами

5 јануари 2023

Компанијата „Мета“ доби казна од 290 милиони евра поради кршење на правилата за податоци на Европската Унија (ЕУ). Ирската комисија за заштита на податоците вели дека начинот на кој „Мета“ барала дозвола да ги користи податоците на луѓето за реклами на Фејсбук и Инстаграм бил незаконски, пренесе Би-би-си. Компанијата која ги поседува двете платформи има […]

Њујорк Тајмс: Како што продолжува да се шири ковид-19, така се шират и дезинформациите за болеста

30 декември 2022

Речиси три години од почетокот на пандемијата, ковид-19 и понатаму опстојува. Истото е случај и со мисинформациите (намерно или случајно згрешени информации и дезинформации) за оваа болест, пишува Тифани Хсу во „Њујорк Тајмс“. Она што почна во 2020 година како гласини што фрлаа сомнеж на постоењето или опасноста на ковид-19, набргу еволуираше во честопати несфатливи […]

„Мета“ доби тужба од 2 милијарди долари поради насилство во Етиопија

14 декември 2022

Алгоритмот на Фејсбук помогнал да се поттикне ширење на омраза и насилство за време на граѓанската војна во Етиопија, се тврди во правен случај, пренесе Би-Би-Си. Оштетените бараат 2 милијарди американски долари за жртвите на омразата на Фејсбук, но и промени во алгоритмот на самата платформа. Од „Мета“ велат дека инвестираат многу во модерирањето на […]

„Мета“ се закани дека ќе ги отстрани вестите на Фејсбук во САД доколку помине новиот закон

6 декември 2022

Компанијата „Мета“ на Марк Закерберг се закани дека ќе ги отстрани вестите од Фејсбук во САД, противејќи се на новиот закон кој треба да им даде поголема моќ на новинските организации да преговараат за надоместоците за содржината што се споделува на оваа социјална мрежа, јавува Би-Би-Си. Сличен закон во Австралија неодамна доведе до тоа вестите […]

Страна 2 од 11