fbpx

Условите за користење на Фејсбук, не се менуваат со пишување на статус

Фејсбук вели дека вие имате контрола над тоа кој ќе ги гледа објавите што ги споделувате на социјалната мрежа

-

Објавата што се споделува во овој пост се шири на Фејсбук барем од 2012 година во различни форми, но согласно условите за користење на Фејсбук, самите корисници го контролираат нивото на приватност на содржините коишто ги споделуваат. Овие услови за користење не може да се променат со едноставно споделување на статус на вашиот профил, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Не заборавајте утре започнува новото правило на Facebook каде ќе можат да ги користат вашите фотографии. Не заборавајте дека рокот е денес!!! Може да се користи во судски предмети во судски постапки против вас. Сè што некогаш сте објавиле станува јавно од денес – дури и пораките кои се избришани. Не чини ништо за едноставна копија и залепи, подобро безбедно отколку жал.
Не им давам на Facebook или на било кој ентитети поврзани со Facebook дозвола да ги користат моите слики, информации, пораки или објави, како минато и иднина. Со оваа изјава, Давам известување на Facebook дека е строго забрането откривање, копирање, дистрибуирање или да се преземе било каква друга акција против мене врз основа на овој профил и / или неговата содржина, вклучувајќи ги и личните информации содржани во мојот профил. Кршењето на приватноста може да се казни со закон НАПОМЕНА: Фејсбук сега е јавен субјект Сите членови мора да објават ваква белешка. Ако повеќе сакате, можете да ја копирате и залепите оваа верзија. Ако не објавите изјава барем еднаш, тоа ќе се дозволи користење на вашите фотографии, како и информациите содржани во ажурирањата на статусот на профилот. НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ. Копирај и залепи. Нивниот нов алгоритам ги избира истите неколку луѓе – околу 25-кои ќе ги читаат твоите објави. Затоа: Држете го прстот долу било каде во овој пост и “копирајте” ќе се појави. Кликнете на “копија”. Потоа одете на вашата страница, започнете нова објава и ставете го прстот секаде во празно поле. “Paste” ќе се појави и ќе кликне paste
Ова ќе го заобиколи системот. НЕ ДАВАМ ДОЗВОЛА НА ФЕЈСБУК ДА СПОДЕЛАМ НИШТО ШТО СУМ СТАВИЛ НА НИВНИОТ САЈТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ: СЛИКИ, ТЕКОВНИ ИЛИ МИНАТИ ОБЈАВИ, ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈКИ ИЛИ Е-пошта.. АПСОЛУТНО НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ВО БИЛО КОЈА ФОРМА БЕЗ МОЈАТА ПИШАНА ПЕРМИСИЈА (ДОЗВОЛА).

Постот  што го рецензираме, почна да се споделува на Фејсбук пред години и стана вирален, а негови варијации продолжуваат да опстојуваат на социјалните мрежи и во 2022 година. Ништо од наведеното во објавата не е вистина.

Не е точно дека сè што сте објавиле на Фејсбук станува јавно од денеска, дури и избришаните пораки. Корисниците на Фејсбук или на која било друга платформа која е во сопственост на Мета, не може да направат никакви промени на нивните права под политиките на компанијата, само со постирање на статус на нивните профили. Ова ја вклучува и пораката од постот што го рецензираме. За повеќе информации за политиките на Мета во врска со корисничките податоци и фотографии, погледнете го следниот линк, каде се наведени условите за користење.

Така што, не е вистина дека ново Фејсбук правило почнува од утре и дека Мета може да ги користи вашите фотографии, ниту пак, сите приватни постови и избришани пораки стануваат јавни.

Дезинформацијата за првпат се појави уште во 2012 година. Сепак, политиките на приватност и условите за користење на Фејсбук се немаат променето.

Иако нашето име се промени, продолжуваме да ги нудиме истите производи, вклучително и Фејсбук апликацијата од Мета. Нашата политика за услови за користење останува иста и ефективна, а промената на нашето име не афектира како ги користиме или споделуваме податоците. Вие имате права на интелектуална сопственот за секоја содржина која ја креирате и споделувате на Фејсбук, Ништо во овие услови не ви ги одзема правата што ги имате врз вашите содржини. Вие сте слободни да ги споделувате вашите содржини со другите, каде и да сакате, велат од Фејсбук.

Додека корисниците ги имаат правата на нивните содржини, тие на Фејсбук му даваат одобрение да прави одредени работи со содржините и на тоа се имаат согласено при самото креирање на сметката согласно условите за користење на компанијата.

Кога споделувате, постирате или објавувате содржина која е покриена со правата на интелектуална сопственост ни давате неексклузивна, пренослива, слободна од ројалти и светска лиценца да ги хостираме, користиме, дистрибуираме, модифицираме, копираме, јавно да ги објавуваме, преведуваме и да креираме изведени работи од вашата содржина (конзистентно со вашите опции сетирани за приватност), се вели во правилата за користење.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Стејтсман, Фејсбук е заинтересиран за податоците, како возраст, пол, брачен статус, за да им послужат овие податоци подобро да ги пласираат рекламите на своите корисници.

Проверувачите на факти на Фулфект пишуваат дека не е точно оти Фејсбук ќе почне да споделува приватни постови со други луѓе.

Фејсбук вели дека вие имате контрола над тоа кој ќе ги гледа објавите што ги споделувате на социјалната мрежа.  Кога ќе постирате нешто на Фејсбук, вие продолжувате да ги имате правата на интелектуална сопственост за која било содржина што ќе ја креирате или споделите. Но, со согласувањето на условите за користење и креирањето на Фејсбук профил ѝ давате на компанијата лиценца да го користи она што го споделувате на одредени специфицирани начини,  зависно од вашата сетирана приватност.

Има невистина која циркулира дека Фејсбук прави промени поврзани со сопственоста на корисничките информации на содржините кои ги постираат на социјалната мрежа. Ова е невистина. Секој што користи Фејсбук, ги поседува и ги контролира содржините и информациите што ги објавуваат, како што е наведено во нашите услови за користење. Тие контролираат како содржината и информацијата ќе бидат споделени. Тоа е нашата политика и секогаш била истата, велат од Фејсбук.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Политифакт, ова значи дека на пример, ако споделите фотографија на Фејсбук, му давате на Фејсбук дозвола да ја копира и да ја сподели со други (но ова мора да е конзистентно со вашите подесувања за приватност). Оваа дозвола може да ја укинете во кое било време на начин што ќе ја избришете вашата содржина или профил. Поради технички причини, содржините кои ги бришете, може да постојат ограничено време во бекап копии и нема да бидат видливи за други корисници. Дополнително, содржините кои сте ги избришале може да продолжат да се појавуваат ако сте ги споделиле со други луѓе и тие не ги избришале.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Објавата што ја рецензираме постои на Фејсбук барем од 2012 година во различни форми, но согласно условите за користење на Фејсбук, самите корисници го контролираат нивото на приватност на содржините коишто ги споделуваат. Овие услови за користење не може да се променат со едноставно споделување на статус на вашиот профил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...