ИТ експертот и хуманитарец Здравко од Србија, претставен како да е од С. Македонија

-

Постот е манипулативен, прикрива важни информации и создава погрешна слика во јавноста. Дури кога ќе се отвори написот којшто се споделува во објавата  читателот  може да разбере дека приказната ниту се однесува на Здравко од С. Македонија, ниту пак, фокусот е ставен на неговата невработеност, туку на неговата хумана работа.  Имено, Здравко Стакиќ е ИТ експерт од Нови Сад кој досега приклучил, спакувал и донирал над 90 компјутери на сиромашни семејства кои не можеле да ги обезбедат за своите деца, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук, пласира вест од Србија, претставувајќи ја како да е од С. Македонија, со што ја манипулира и доведува во заблуда јавноста. Без да понуди точни и прецизни информации во насловот и најавата, постот предизвикува негативни коментари на сметка на власта.

Имено, објавата пренесува вест за ИТ експертот Здравко, кој завршил со просек 9,44, но, како што се нагласува, за него нема работа. Гледајќи ја вака веста, логично е човек да помисли дека станува збор за некој Здравко од С.Македонија кој иако завршил факултет со висок просек, не може да се вработи. По ова секако следат низа негативни коментари, а по власта се фрла со дрва и камења од типот дека Здравко немал партиска книшка на СДСМ и ДУИ, па се до пораки Здравко да си замине од оваа наша „бедна држава“ и слично. Постот е доста вирален и има 36 споделувања и речиси 90  коментари.

Но, кога ќе го отворите написот, ќе видите дека приказната ниту се однесува на Здравко од С.Македонија, ниту пак, фокусот е ставен на неговата невработеност, туку на неговата неверојатна хумана работа.  Имено, Здравко Стакиќ е ИТ експерт од Нови Сад кој досега приклучил, спакувал и донирал над 90 компјутери на сиромашни семејства кои не можеле да ги обезбедат за своите деца.

Вака почнав во 2018 година кога останав без работа. Тогаш решив да го направам мојот прв компјутер и решив да стапам во контакт со групата ,,Само дај” и да го подарам некому – изјави овој млад човек со големо срце, пренесува текстот.

Приказната за Стакиќ е преземена од српски медиуми и таа се фокусира на неговата хумана работа, која ја реализира преку социјалните мрежи.

Би рекол дека донирав над 90 парчиња во домовите на семејствата на кои им треба компјутер и кои се сиромашни, од кои повеќето се во Нови Сад, но има и од други места како Каќ – рекол Стакиќ за српските медиуми.

Тој објасни дека семејствата го контактираат преку групата „Само дај“ на социјалните мрежи, каде што поставува слика од компјутер и потоа луѓето го контактираат и почнуваат да бираат според бројот на деца во семејството.

Но, во македонската верзија насловот на текстот е намерно конструиран на начин да изгледа како приказната да се случува тука кај нас, со цел да предизвика што е можно повеќе кликови и реакции. Згора на тоа, акцентот е ставен на неговата невработеност, а не на неговата хумана мисија, што предизвикува негативни коментари за политичката и општествената состојба во државата.

Затоа читателите треба да бидат внимателни и да не ги земаат објавите на Фејсбук „здраво за готово“. Во градењето на својот став не треба да се потпираат само на насловите кои им се пласираат на социјалните мрежи, туку потребно е прво да го прочитаат текстот.

Имајќи го предвид сето горе наведено можеме да кажеме дека на постот што го анализираме му недостига контекст.

 

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...