Илон Маск и Марк Закерберг договорија борба во кафез

„Приказната зборува сама за себе“, изјавил портпаролот на „Мета“

фото: Wikimedia Commons / колаж

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез.

Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг.

Марк Закерберг, пак – шефот на „Мета“ во чија сопственост се Фејсбук и Инстаграм, објави скриншот од твитот на Маск со порака „испрати ми локација“.

фото: Инстаграм / принтскрин

На ова, Маск повторно твитна „Вегас Октагон“.

Октагонот претставува ограден простор со душек кој се користи за борби во „Ultimate Fighting Championship“ (UFC). Шампионатот е со седиште во Лас Вегас, Невада.

„Приказната зборува сама за себе“, изјавил портпаролот на „Мета“ за Би-би-си.

По најавата на борбата, 52-годишниот Илон Маск напиша дека речиси никогаш не вежба, освен кога ги зема децата и ги „фрла во воздух“.

Марк Закерберг, кој има 29 години, тренира мешани боречки вештини, а неодамна победи на турнир во џиу-џицу.

Претходно месецов, „Мета“ ги откри своите планови да лансира социјална мрежа базирана на текст, дизајнирана за да се натпреварува со Твитер. Платформата е во развој и се очекува да биде лансирана наскоро.

Ривалот на Твитер создаден од Инстаграм пристигнува наскоро