fbpx
Таг: Димитар Ковачевски

таг: Димитар Ковачевски

Ковачевски-Ескобар: Македонија треба да стане членка, бидејќи ЕУ е наша единствена алтернатива

САД биле, се, и ќе бидат во текот на сите клучни процеси за демократски напредок на државата од независноста до денес и се поддржувачи на остварувањето на целите НАТО и ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој истакна дека не е точно дека „владата...

Фон дер Лајен со порака: Партиите да ги поддржат уставните измени

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен од Атина даде јасна поддршка за продолжување на евроинтеграцискиот процес на С.Македонија. Таа на социјалната мрежа Х ја потврди поддршката за нашата земја на патот кон членството во ЕУ, откако вчера имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски. „Добра размена на мислења со премиерот Димитар Ковачевски. Го поздравувам поднесувањето на уставните амандмани од...

Ковачевски се сретна со Зеленски: Земјава ќе продолжи да ја помага Украина додека е потребно

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствуваше и владиниот вицепремиер  задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, информираат од владината прес-служба. На средбата премиерот Ковачевски ја нагласил континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и на стабилноста...

Реакции во регионот по опасната изјава на српскиот министер за одбрана Вучевиќ

По распламтувачката пропаганда на српскиот министер за одбрана и претседател на Српската напредна партија Милош Вучевиќ кон С.Македонија и Црна Гора, со реакции излегоа високи државни функционери од земјава, Црна Гора и Албанија. Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи реагираше по изјавата на Вучевиќ, при што на социјалната мрежа X напиша дека земјава ги отфрла мешањето и несоодветните изјави...

Ковачевски: Нема алтернатива за ЕУ, македонскиот јазик и идентитет се заштитени со преговарачката рамка

Собранието има капацитет да донесе уште една голема, стратешка одлука за иднината на граѓаните со којашто ќе го започнеме отворањето на кластерите, рече премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостување во дневникот на телевизија Сител. Ковачевски говореше за процесот на носење на уставните измени во Собранието, потенцирајќи дека единствен пат за Северна Македонија е „европскиот, кој ќе обезбеди просперитетна иднина за...

Ковачевски: Денес стана кристално јасно кој сака да ја блокира европската иднина на државата

Денес започна процесот на уставните измени со изгласувањето на дневниот ред на собраниската седница во полн состав. Тоа е првиот заклучок. Второ, денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја-членка на Европската унија, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по...

Ќе видиме кој ја блокира европската иднина на земјава, порача Ковачевски на седницата за уставни измени

Собранието на РСМ со 70 гласа „за“, 47 „против“ и без ниту еден воздржан претпладнево го усвоија дневниот ред на 123. седница, на која единствена точка е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет други етнички заедници во преамбулата на Уставот. По утврдувањето на дневниот ред, пред пратениците се...

Одбележан Денот на Армијата: Членството во НАТО ни овозможува да издржиме бројни геополитички кризи

Корупцијата, непотизмот и криминалот се најголемата закана за безбедноста на државата. Нашите вредности се демократијата и владеењето на правото, а за тоа имаме поддршка од мнозинството граѓани. Преговорите за членство во ЕУ можат само да помогнат во овој поглед. Да се ​​надминат политичките разлики, да се угледаме на Армијата и да се обединиме за безбедна, стабилна и просперитетна европска...

Ковачевски пред утрешната седница: На владата не ѝ се потребни 80 пратеници, туку на граѓаните

Пред утрешната собраниска седница на чиј дневен ред треба да се најдат уставните измени, премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека двотретинско мнозинство или 80 пратеници не ѝ се потребни на владата, туку на граѓаните на оваа држава. Ковачевски додава дека за првпат опасност за вето кон пристапувањето во ЕУ не би дошло од надвор, туку од внатре во земјава. Тој...

Ковачевски и Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: Обединување околу европскиот фронт

По повод одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби испратија пораки до македонските граѓани. Премиерот Ковачевски на неговиот профил на Фејсбук напиша дека Охридскиот рамковен договор донесе мир и овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост на различностите. „Северна Македонија е држава...

Ковачевски за МИА: Нема да има нов или подобар договор, ниту друга преговарачка рамка

Како држава не смееме да направиме историска грешка и да ја пропуштиме единствената шанса Северна Македонија после децении да ја постигне својата друга стратешка цел – да стане членка на ЕУ. На ова предупредува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Медиумската информативна агенција (МИА). Премиерот ги повика пратениците и опозицијата да дадат поддршка на измената на Уставот, со што ќе...

Ковачевски: Одлуките на илинденците и асномците нè обврзуваат да изградиме европска држава

Денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и асномците, кои знаеле дека вреди секој чекор направен напред за македонска државност и затоа нивните одлуки нè обврзуваат да одиме напред, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната манифестација што се одржа на Скопското Кале, по повод одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката. Ковачевски...

Државниот врв со честитка по повод празникот 2 Август: Илинден живее во сите нас

Македонскиот државен врв денеска упати честитки по повод одбележувањето на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката. Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатија честитки до граѓаните. Во честитката на претседателот Стево Пендаровски се вели дека на нашиот најсветол празник Илинден се потсетуваме на генерациите кои се изборија за двете наши републики...

Од денеска на Ќафасан гранични и царински контроли се вршат со едно застанување

Македонскиот и албанскиот премиер, Димитар Ковачевски и Еди Рама денеска на заеднички настан го пуштија во употреба концептот „One-stop-shop“ за заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане меѓу С.Македонија и Албанија, информираат од владината прес-служба. На настанот присуствуваа министри во двете влади, пратеници, како и највисоки претставници на институциите за царинско управување на...

Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе стапат во сила кога опозицијата ќе гласа за уставни измени

Сите министри и владини функционери од редовите на владејачката ДУИ, денеска соопштија дека поднесуваат оставки од своите функции, но дека се условени со гласање на измените на Уставот од пратениците на ВМРО–ДПМНЕ. Тогаш кога опозициската партија ќе гласа за измените, оставките се активираат како што беше и условот поставен од најголемата опозициска партија. Лидерот на ДУИ денеска го извести премиерот...

Уставните измени го минаа првиот чекор, ги чека сериозна сопка на 18 август

Уставните измени влегоа во собраниска процедура, но ставовите на власта и опозицијата не се променија, по што под сериозен знак прашалник се става имањето, односно немањето двотретинско мнозинство на пленарната седница на 18 август. Денешниот процес почна со расправа во Комисијата за уставни прашања на која прв настапи премиерот Димитар Ковачевски, кој повика на разум од сите пратеници. „Да не мислиме...

Ковачевски од Тирана: Ја унапредуваме соработката во Западен Балкан

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска во Тирана учествуваше на неформална средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. На средбата присуствуваа домаќинот и премиер на Албанија, Еди Рама, српската премиерка Ана Брнабиќ и црногорскиот Дритан Абазовиќ. Ковачевски изјави дека во фокус на...

Ковачевски и Брнабиќ го промовираа интегрираниот електронски систем за наплата на патарините

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ денес, на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините. Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и...

Ковачевски од Самитот на НАТО: Два отсто од БДП ќе биде минимумот за финансирање на одбраната

Сојузниците се исправени пред носење важни одлуки со што ќе покажат единство во однос на тековните и идни предизвици, рече македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред официјалниот почеток на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија. Ковачевски во Литванија ја предводи владината делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска. На овој самит ќе...

Средба Ковачевски-Рама: Мора силна посветеност за полноправно членство во ЕУ до 2030 година

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во земјава го пречека неговиот албански колега Еди Рама, а во фокус на разговорите беа перспективите и придобивките од Берлинскиот процес, интеграциите во Европската Унија, како и важноста од натамошно зацврстување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои се членки на НАТО. Премиерите Ковачевски и Рама, како што стои во владиното соопштение, се согласиле дека евроинтегративните...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...