fbpx

Ковачевски: Денес стана кристално јасно кој сака да ја блокира европската иднина на државата

Ковачевски истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи и дека нема идеја за дискусија

-

Денес започна процесот на уставните измени со изгласувањето на дневниот ред на собраниската седница во полн состав. Тоа е првиот заклучок. Второ, денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја-членка на Европската унија, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по седницата за уставни измени во Собранието.

„Денес повторно се потврди дека владата, сите политички партии, сите чинители од проевропскиот фронт се единствените кои мислат добро и за државата и за граѓаните и се за интеграција на државата во Европската Унија, исто како што беа за интеграција на државата во НАТО. Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација. И тоа, проевропски ориентираните граѓани нема ниту да го заборават ниту да го простат. Ова блокирање кои тие толку долго го заговараат нема апсолутно никаква причина да се случи“, рече премиерот.

Ковачевски истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи и дека нема идеја за дискусија.

„Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните, само и единствено за лични цели. А, против подобар и попросперитетен живот на граѓаните и остварување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. Ако тие не знаат да аргументираат и дебатираат дома, како да очекуваме дека ќе дебатираат и водат дебата надвор со меѓународната заедница? Многу е јасно дека нивната цел не е да испреговараат нов договор, туку нивната цел е да блокираат и да си ги спасат нивните политички кариери“, рече Ковачевски.

Тој оцени дека е јасно како ден дека граѓаните сакаат да живеат во Европската Унија и истакна дека сите истражувања на јавното мислење покажуваат дека над 80% од граѓаните во државата, без разлика на нивната припадност сакаат да живеат во Европската Унија.

„Граѓаните сакаат подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните заради економски напредок, социјална правда и врвна демократија. Сакаат подобар живот, по европски стандарди со вредностите кои ги има во Европската унија и Соединетите Американски Држави кои се наши стратешки партнери. Сакаат децата да им останат дома и тука да ја градат својата европска иднина“, рече премиерот.

Ковачевски во своето обраќање рече и дека македонските граѓани заслужуваат да живеат во европска Македонија, а не да живеат во земјите-членки на ЕУ со пасоши од други држави.

„Дента кога ќе станеме земја-членка на ЕУ, рече тој, ќе ги земеме сите странски пасоши што ги зеле нашите граѓани за да работат или живеат во ЕУ и ќе им ги вратиме на тие земји, бидејќи нема веќе да им бидат потребни за остварување на економските цели“, рече тој додавајќи дека Северна Македонија практикува европски вредности и заслужува по членството во НАТО да биде и полноправна членка на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...