fbpx

Ковачевски: Нема алтернатива за ЕУ, македонскиот јазик и идентитет се заштитени со преговарачката рамка

Ковачевски рече и дека денот кога ќе бидат изгласани уставните измени, тој ќе поднел оставка и ќе се одело на избори

-

Собранието има капацитет да донесе уште една голема, стратешка одлука за иднината на граѓаните со којашто ќе го започнеме отворањето на кластерите, рече премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостување во дневникот на телевизија Сител.

Ковачевски говореше за процесот на носење на уставните измени во Собранието, потенцирајќи дека единствен пат за Северна Македонија е „европскиот, кој ќе обезбеди просперитетна иднина за граѓаните“.

„Ние поминавме еден процес на уставни измени и при зачленувањето во НАТО. Благодарение на тој успешен процес, денес сите сме горди што сме земја членка на НАТО особено кога се води воен конфликт во Европа. Убеден сум дека нашето Собрание има капацитет да донесе уште една голема, стратешка одлука за граѓаните, пред сè, за иднината на граѓаните со која што ќе го започнеме отворањето на кластерите. По успешното завршување на скрининг процесот, веќе првиот извештај за кластерот фундаменти е завршен и до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ. Зошто? Бидејќи ние друга алтернатива немаме“, рече премиерот Ковачевски.

Тој рече дека европската интеграција на Северна Македонија е прашање од стратешки интерес и за земјава и за ЕУ, осврнувајќи се на војната во Украина.

„Знаете дека тоа е едно од прашањата кои се високо на агендата и на САД. Неслучајно тука беше еден од нивните најеминентни сенатори, г. Марфи. Остварив средба со државниот секретар Блинкен и неслучајно и претседателот на Европската Комисија и Европскиот Совет, и голем број на претседатели и премиери имаа говори во нашето Собранието. Што значи дека се работи за заеднички, стратешки интерес како ретко кога досега“, рече Ковачевски.

Премиерот во гостувањето рече дека за првпат се случува ветото за нашата држава да не доаѓа од надвор, туку од внатре – „од истите луѓе од кои секогаш имало блокади“.

„Само да ве потсетам, 2008 година ние можевме да имаме решение со Грција, меѓутоа тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ реши дека не треба да има. Влезе во бесконечни избори во кои пред секој ветуваше и на странците и дома дека сега ќе направеле компромис, за да на крај добиеме решение кое е полошо од тоа што можевме да го имаме во 2008 година. Сега она што го гледаме е потполно исто – дајте ни власт, па ние ќе ви кажеме какво решение ќе имаме“, истакна Ковачевски во гостувањето на Телевизија Сител.

Тој рече и дека процесот на преговорите со ЕУ не е никаква закана за идентитетот и за македонскиот јазик.

„Гледате дека ‘бугаризација’ и ‘асимилација’ веќе не се користат како зборови, бидејќи не постојат. Стана јасно дека македонскиот јазик е дел од преговарачката рамка. Стана јасно дека на македонски јазик се преведува целото европско законодавство. Гледам некои излитени политичари немало македонски јазик да биде официјален кога ќе влеземе во ЕУ. Па ако немало да биде официјален зашто го преведуваат законодавството на македонски јазик? Што ќе биде официјално? Кога ќе го преведете цело законодавство на македонски јазик, тогаш македонскиот јазик ќе биде официјален во ЕУ. Тоа стои во преговарачката рамка. Се преговара на македонски јазик. Идентитетот, ние сме таму како Македонци“, рече премиерот.

Ковачевски рече дека денот кога ќе бидат изгласани уставните измени, тој ќе поднел оставка и ќе се одело на избори.

„Ниту еден човек не се родил за да биде премиер. Тоа е голема чест и одговорност, да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро и да бидеш искрен со нив. И ако го погледнете моето експозе, за потребата од усвојување уставни измени, јас таму бев апсолутно искрен, што добиваме со ЕУ. Јас јавно кажав дека денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори“, кажа Ковачевски.

Ковачевски рече дека постои уште една опција за „придобивање“ на ВМРО-ДПМНЕ, без чии пратеници не може да се стигне до бројката од 80 гласа во Собранието потребни за носење на уставните измени – а тоа е влез во Владата.

Бидејќи тие зборуваа за општествен консензус исто како што јас зборувам, половина места од нашите ќе ги добијат. Услови имаат ДУИ да не учествува, тие поднесоа оставки, и другите албански партии кажаа еве, и ние нема да учествуваме. Ќе бидат дел од Владата, ќе го завршиме целиот процес, ќе го завршиме скринингот, ќе отвориме едно или две поглавја и ќе затвориме едно од поглавјата. И ќе одиме на избори. Влада во која доминантно министри ќе има и ВМРО-ДПМНЕ“, рече премиерот Ковачевски.

На прашањето дали земјава се движи кон предвремени или редовни избори, Ковачевски рече дека изборите ќе бидат во редовниот термин – и претседателските и парламентарните и дека е клучно прашањето за уставните измени да биде решено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...