fbpx

Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе стапат во сила кога опозицијата ќе гласа за уставни измени

„Ценејќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, е во критична фаза од нашата европска иднина, имајќи ја во предвид тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години, ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас, тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку ДУИ излезе од Владата“, наведено е во писмото од Ахмети

-

Сите министри и владини функционери од редовите на владејачката ДУИ, денеска соопштија дека поднесуваат оставки од своите функции, но дека се условени со гласање на измените на Уставот од пратениците на ВМРО–ДПМНЕ. Тогаш кога опозициската партија ќе гласа за измените, оставките се активираат како што беше и условот поставен од најголемата опозициска партија.

Лидерот на ДУИ денеска го извести премиерот Димитар Коваевски дека сите членовите на Владата од неговата партија депонираат оставки од своите функции. Ова беше објавено на Фејсбук, а потоа истото го споделуваа министри.

„Ценејќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, е во критична фаза од нашата европска иднина, имајќи ја во предвид тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години, ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас, тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку ДУИ излезе од Владата. Легитимно избрани по волја на албанскиот гласач, свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство, имајќи во предвид дека ДУИ и јас остануваме посветени на определбата дека евроатлантските интеграции, со целосни права на државата, освен во НАТО, исто така и во ЕУ, како и непрекинатото сојузништво со САД, беа, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност“, наведено е во соопштенито до Ковачевски.

Оставките, како што е наведено, се материјализират автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени.

За Мета, досегашниот министер Јетон Шаќири вели дека за партијата е важно државата да оди напред.

„Европската иднина е најважна. Очекуваме поддршка за уставните измени. Секогаш сме отворени за соработка“, вели Шаќири за Мета.

Со соопштение реагираше и СДСМ, од каде што во соопштение рекоа дека, ставајќи го државниот пред партискиот интерес, ДУИ покажала одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани.

„Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ. Големите државнички одлуки бараат државнички капацитет и одговорност. На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата“, наведено е во соопштението на СДСМ.

Оттаму додават дека членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстапи.

„Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина. Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат. Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат. Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, побараа оставките да бидат неотповикливи и да се оди на избори.

„Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...