fbpx

Угинаа два коња во скопската зоолошка, сомнежите се дека биле отруени

Направена е обдукција и се чекаат официјални резултати, ни изјави в.д. директорот на скопската ЗОО, Зоран Попов

-

Вработен во Зоолошката градина во Скопје вчера во 15.40 часот во полиција пријавил дека угинале два коња, за кои се сомнева дека биле отруени.

Од полицијата соопштуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Мета.мк контактираше со в.д. директорот на Зоолошката градина, Зоран Попов, кој рече дека подоцна ќе ни објасни за што станувало збор, но вечерва единствено што кажа е дека полицијата постапува по пријавата.

„Направена е обдукција и се чекаат официјални резултати“, ни изјави Попов.

По заминувањето на Ѓорги Галетановски како директор на скопската Зоолошка градина, и по доаѓањето на Данела Арсовска како градоначалник на Скопје, работењето на установата постојано е пропратено со скандали.

По доаѓањето на Кристијан Стаменов за директор, изби скандалот што го објави „Мета“, дека во дворот на Зоолошката градина се колат десетици коњи, добиени од Агенцијата за управување со одземен имот, и им се даваат како храна за животните. По ова, разрешен беше тогашниот директор Стаменов и поставен нов – Драган Илиевски. Дека неговото поставување е незаконско се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи, според антикорупционерите, Арсовска именувала лице кое не било вработено во оваа јавна установа што е спротивно на чл. 31 од Законот за култура, кој предвидува именување на в.д. директори од редот на вработените во тие установи и со мандат од само 6 месеци. Потоа, за само една година, на ова место беше поставен нов, трет директор, Зоран Попов, овојпат од редот на вработените.

Набрзо потоа, стигна и веста дека земјава го загубила кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Како што веќе беше објавено, причините за губање кандидатски статус било прекин на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, двегодишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.

Неодамна, жирафата Каспер, долгогодишен омилен жител на ЗОО Скопје, угина од инфекција „салмонела“. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина, констатирано е дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити.

Мета факт: Наместо подобри услови и аквариум, скопската Зоолошка доби салмонела и смени на директори

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...