fbpx

Градоначалничката на Скопје го разреши директорот на Зоолошката градина

-

Откако денеска „Вистиномер“ објави Скопје ЗОО се убиваат коњи и мазги за прехрана на лавовите, доцна попладнево градоначалничката Данела Арсовска соопшти дека донела одлука за разрешување на директорот на Зоолошката, Кристијан Стаменов.

„По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов“, известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.

„Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, гласи соопштението од Град Скопје.

Претходно, „Вистиномер“ објави дека во последниве два дена во Зоолошката градина во Скопје усмртени биле повеќе од 10 коњи и мазги, за да им бидат дадени како храна на месојадните животни.

За тоа посведочија барем тројца вработени во Зоолошката, а информацијата ја потврдил и директорот, Кристијан Стаменов. „Вистиномер“ објави и една од фотографиите на кои се гледа крв на асфалтот во Зоолошката градина како последица на усмртувањето на животните.

Напишете коментар

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Спајдермен Мајлс Моралес слика од Clutchpoints

Квалитетни нови игри беа најавени на настанот PlayStation Showcase 2023

Пред неколку дена излегоа голем број трејлери за нови добри игри на настанот Playstation Showcase 2023. Решивме да ги издвоиме најинтересните игри и да ви ги презентираме:    Immortals of Avenum  Оваа...
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
free online course
download karbonn firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy paid course