Скопската зоолошка градина утре ќе прослави 97 роденден

Дел од програмата во зоолошката градина утре ќе бидат жонглери, акробати, едукативни работилници и подароци за најмалите посетители

Фото: ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје утре ќе одбележи 97 години од своето постоење. По тој повод, со почеток од 12 часот предвидени се низа настани и активности во ЗОО Скопје.

Како што соопштија од таму, дел од програмата ќе бидат жонглери, акробати, едукативни работилници и подароци за најмалите посетители.

Скопската зоолошка градина е една од најстарите зоолошки на Балканот. Формирана е во 1926 година, кога била предложена и денешната локација. Тогаш опфаќала површина од 4 хектари, а располагала со мал број на животни кои претежно биле добиени како подарок.

Денешниот изглед го добива во 1966 година, со решение на Градското собрание и со донесување на елаборатот за ново урбанистичко планирање.