петок, 8 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: животни | 50 резултати

Повеќе од 400.000 птици убиени во организиран криминал во Кипар

март 6, 2024

Повеќе од 400.000 песнопојни птици биле убиени во Кипар минатата есен што е резултат на зголемување на криминалот со животни, покажува нов извештај. Гардијан јави дека групите за организиран криминал користат мамки и звучници кои имитираат птичји звуци за да ги намамат птиците да се гнездат во грмушки или овоштарници, каде што ги фаќаат со […]

Гулаб осомничен за шпионажа ослободен по осум месеци притвор во Индија

февруари 2, 2024

Индиската полиција ги расчисти сомнежите околу гулабот за кој постоеја сомневања дека е кинески шпион и го ослободија во дивината по осум месеци поминати во притвор, пренесува „Гардијан“ според извештаите на индиски медиуми. Искушението на гулабот започнало во мај, кога бил фатен во близина на пристаниште во Мумбај со два прстена врзани за неговите нозе […]

Скопската зоолошка градина го крие бројот на угинати животни

декември 26, 2023

Јавноста остана без одговор на голем број прашања во врска со проблемите и угинувањето на животните во Зоолошката градина во Скопје годинава, како на пример, за причините на угинувањето на жирафата Каспер, за вкупниот број угинати животни во 2023 година, за причините зошто земјава го изгуби кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки […]

Скопската зоолошка градина утре ќе прослави 97 роденден

септември 29, 2023

Зоолошката градина во Скопје утре ќе одбележи 97 години од своето постоење. По тој повод, со почеток од 12 часот предвидени се низа настани и активности во ЗОО Скопје. Како што соопштија од таму, дел од програмата ќе бидат жонглери, акробати, едукативни работилници и подароци за најмалите посетители. Скопската зоолошка градина е една од најстарите […]

Македонски експерти се едуцираа како да се борат против труење и шверц на диви животни

април 26, 2023

Експерти од Македонското еколошко друштво и неколку државни институции се едуцираа како да се справат со труење, убивање и шверц на диви животни. Петмина учесници од земјава, заедно со уште 39 од девет европски земји, се здобија со квалификации во оваа специјализирана област во рамките на третата обука организирана од  Академијата за криминал против дивиот […]

Вратените штркови во скопско Ржаничино добија метални гнезда за да можат да создадат семејства

април 6, 2023

Штрковите кои од топлите краишта се вратиле во скопското село Ржаничино сега повторно можат да свијат гнездо и да создадат семејства благодарение на неодамна поставените метални гнезда, информираа од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Од таму објаснуваат дека пред една седмица жители на ова село им се обратиле за помош, известувајќи дека штрковите […]

Научниците идентификуваа нов вид був, предлагаат да се класифицира како критично загрозен

ноември 7, 2022

Нов вид був, којшто се огласува со невообичаени звуци, нешто налик на „стрижењето“ на штурците, е идентификуван на Принсипе, мал остров во Атлантскиот Океан во близина на Западна Африка. Принсипе, инаку, се смета за дом на повеќе видови птици што ги нема на друго место, известува „Вашингтон Пост“. Научниците новооткриениот був го опишаа во списанието […]

Со лесно проверливи невистини се прави обид да се дискредитира Европската Унија

септември 14, 2022

Станува збор за купишта дезинформации, кои се лесно проверливи, а кои имаат за цел да креираат слика дека Европската Унија промовира декаденција и небезбедни политики за децата, базирани врз очигледни невистини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Зоофилија, […]

АХВ: Месото од убиените коњи е уништено на Дрисла, скопската зоолошка немала дозвола да работи како кланица

јули 15, 2022

Директорот на АХВ Николче Бабовски за „Вистиномер“ вели дека Зоолошката градина воопшто не е регистрирана како кланица и со убивањето на коњите, прекршени се четири закони, за што ќе следуваат прекршочни санкции. Тој додава дека од вкупно 17 животни, живи се само две. Според него, Зоолошката градина своите потреби за храна за животните треба да […]

Градоначалничката на Скопје го разреши директорот на Зоолошката градина

јули 14, 2022

Откако денеска „Вистиномер“ објави дека во Скопје ЗОО се убиваат коњи и мазги за прехрана на лавовите, доцна попладнево градоначалничката Данела Арсовска соопшти дека донела одлука за разрешување на директорот на Зоолошката, Кристијан Стаменов. „По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов“, известуваат од […]

Посетителите на ЗОО Скопје ќе даваат предлози за имиња на трите женски лавчиња

јуни 27, 2022

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите женски лавчиња што се родија пред три месеци. Како што информираа од ЗОО Скопје, граѓаните предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се […]

Се родија пет нови коати во Зоолошката градина во Скопје [фото]

мај 31, 2022

„Имаме пет мали јужноамерикански коати кои се постојано со својата мајка и затоа се уште не го знаеме полот. По четвртиот месец ќе почнат и самостојно да јадат, а дотогаш ќе бидат во топлата прегратка на мама“, информираат денеска од Зоолошката градина во Скопје. Минатиот месец во Зоолошката градина се родија бебе-лама, пртсеноопашест лемур, бебе […]

„Бејби бум“ во Скопје ЗОО, по лавчињата се родија лама, лемур, камила и берберска овца

април 4, 2022

Бебе-лама, пртсеноопашест лемур, бебе од видот двогрба камила и берберска овца се четирите новордоенчиња во Зоолошката градина во Скопје кои доаѓаат еден месец по веста за раѓањето на лавчињата. Од Скопје ЗОО информираат дека за прв пат имаат двогрба камила од видот Бактријан што се роди минатата недела и неговото име е Буби, додека во […]

Основците учеа како одговорно да ги чуваат домашните миленици: „На своето куче може да му кажете сѐ…ОСВЕН ЗБОГУМ“

март 15, 2022

Учениците од „ООУ Св. Кирил и Методиј” Центар – Скопје кои учат во трето и четврто одделение имаа час на тема „Дали сте подготвени да станете херој? – Одговорно чување на домашните миленици“. Под мотото „На своето куче може да му кажете сѐ…ОСВЕН ЗБОГУМ“ тие научија дека да се биде сопственик на куче значи да […]

Светски ден на дивиот свет: за половина век преполовена популацијата на цицачи, птици, риби, водоземци и влекачи

март 3, 2022

Балканскиот рис, кафеавата мечка, волкот, чакалот, видрата, белоглавиот и египетскиот мршојадец, змии, гуштери, желки, жаби, но и многу растенија, птици и габи се дел од Националната црвена листа на С. Македонија. Планетата денеска го одбележува Светскиот ден на дивиот свет воспоставен од Обединетите нации, кој годинава се одбележува со фокус на потребата од „Закрепнување на […]

Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“

февруари 28, 2022

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, е првата од нашите познати личности што се љубители на животните, која се приклучи на заедничката кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ на ЗОО Скопје и ЈП Лајка. Со цел за подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво Андреа сними видео преку кое заедно […]

[Фото] Жирафите и лемурите вчера го прославија Валентајн во скопската Зоолошка

февруари 15, 2022

Денот на вљубените вчера го прославија и дел од животните во скопската Зоолошка градина. Вработените од ЗОО Скопје се дружеа со жирафите и лемурите, а нашиот фото-репортер ја овековечи нивната дружба. Редакцијата на Мета.мк искрено се надева дека вљубените синоќа си поминаа романтично на Валентајн, додека за оние што вчера го славеа Свети Трифун се […]

Кампања на ЗОО-Скопје и ЈП Лајка: Не ги напуштајте милениците, тие се дел од семејството

февруари 9, 2022

Земајки предвид дека кучињата и мачките имаат висока репродуктивна способност и се размножуваат со геометриска прогресија, што значи дека од еден пар кучиња или мачки за 8-9 години може да се добијат илјадници потомци од кои голем дел завршуваат на улица ЗОО-Скопје и ЈП Лајка започна кампања со цел подигање на свеста против напуштање на […]

(Вознемирувачка содржина) Угинати животни скапуваат во напуштена касарна во Битола

октомври 6, 2021

Младиот активист за правата на животните од Битола, Леонрадо Соколов, вели дека деновиве почувствувал неподнослив мирис на угинати животни кога поминувал близу поранешната касарна во градот. Тој открил дека во напуштениот објект на локацијата која битолчани ја нарекуваат „под авионот“ има многу одрани животни кои скапуваат. „Случајно во потрага по едно куче налетав на напуштен […]

АХВ ќе испитува примероци од угинати животни на државните патишта, целта е заштита на здравјето и безбедност во сообраќајот

јули 15, 2021

Мостри од труповите на угинати животни, куче, мачка, зајак, лисица, волк, куна, ласица, шакал, дивокоза, срна и дива свиња, кои ќе бидат најдени на државните патишта низ целата територија на земјава од страна на вработените на ЈП „Македонија пат“, додека ги извршуваат работните задачи, ќе ги земат ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, за […]

Страна 1 од 3