fbpx
Таг: животни

таг: животни

АХВ со препораки за безбедноста на храната и за здравјето на животните, по најавените високи температури

Најавеното зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од труење со храна и претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните да купуваат храна од проверени места, каде производите, особено лесно расипливите од...

Во скопската зоолошка градина пристигнаа шест нови пингвини од Русија

Во Зоолошката градина Скопје пристигнаа шест нови пингвини од Русија, со кои во иднина ќе можат да се дружат посетителите. Станува збор за три машки и три женки од видот хамболт, информираат од скопската Зоолошка градина. „Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје...

ЈП „Лајка“ почнува со редовни состаноци со здруженијата за заштита на животните, првиот е во петок

ЈП „Лајка“ од овој месец почнува со редовни состаноци со здруженијата за заштита на животните кои ќе се одржуваат два пати во месецот, информираат од таму. Целта, како што велат е, со заеднички напори да се постигне – што поголем број стерилизирани бездомни кучиња и намалување на нивниот број на улиците, лоцирање на клучните проблеми во процесот на справување со...

Студентки од Факултетот за ветеринарна медицина со апликација ја подигаат свеста за трговијата со животни

Студентките Сара Јованова и Елмедина Мислими од Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, со својот иновативен проект односно апликација за подигнување на јавната свест за трговија со животни, учествуваа на натпревар на овогодинешниот виртуелен Зоохакатон, чија тема беше технологија и заштита на живиот свет и животната средина. Јованова и Мислими беа дел од тимот насловен „Koala Fan Club” кој беше еден...

Сервали и Скарлет Ибис птици пристигнуваат во скопската зоолошка градина

Наскоро во Зоолошка градина Скопје ќе пристигнат сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис, информираат од скопската зоолошка градина. Сервалите се африкански предатори од семејството мачки. Сервалот е еден од најголемите претставници од седумте видови на мали мачки, кои го населуваат континентот. Овој иден член на зоолошката градина претежно живее во Африка, во суб-сахарскиот дел на континентот со исклучок на...

Уште четири тигри и три лава од зоолошка градина во Њујорк се позитивни на корона вирус

Уште седум големи мачки, од кои четири тигри и три лава во зоолошката градина Бронкс во Њујорк се позитивни на коронавирусот, објави National Geographic. Ова се случува три недели откако се зарази првиот тигар во зоолошката градина. За другите седум мачки се претпоставуваше дека се заразени бидејќи покажувале симптоми на вирусот. Надлежните од зоолошката градина веруваат дека животните се заразени...

Тигар од зоолошка градина во Њујорк позитивен на Ковид-19

Четиригодишната женка тигар е првиот откриен случај на заразено животно со Ковид-19 во САД, а уште седум други мачки покажале симптом на вирусот. Тие имале сува кашлица и намален апетит уште минатиот месец. Официјалните лица од градината потврдиле дека големите мачки, вклучувајќи ја и тигрицата Надија се разболеле откако за нив се грижел вработен кој бил во асимптоматична фаза на...

Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот на луѓе

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) потврдува дека нема докази за вмешаност на животните (добиток и домашни миленици) во ширењето на корона вирусот и нема потреба за преземање на мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните. Наместо тоа, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење...

АХВ: Внимавајте каква храна купувате, високите температури може да предизвикаат труења

kupuvanje potroshuvachka koshnichka GTC zhena
Пред најавеното зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 Целзиусови степени, Агенцијата за храна и ветеринарство предупреди дека жешкото време ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна и упати низа препораки за избор на храна и нејзино чување и подготвување. За да се спречи појава на труење со храна, неопходно е да...

Град Скопје ќе основа ново јавно претпријатие „Лајка“ за хуман третман на животни-скитници

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за формирање јавно претпријатие за хуманиот третман на животните скитници, а новото претпријатие ќе го носи името „Лајка“. „Новото јавно претпријатие ќе се формира од постојните служби што досега функционираа во рамките на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а истото ќе ги преземе сите активности, каде што спаѓаат заловување на животните скитници,...

Почна авионско расфрлање вакцинални мамки против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство почна со реализација на пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање на вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и во Штип. Со техничка и финансиска поддршка од Европската Унија, во наредниве десеттина дена, на територијата на цела држава ќе бидат фрлени 500 илјади мамки. Вакцинацијата има за цел прекинување на пренесување...

Протест против масовното труење миленици во Скопје

Со извици „Правда за животните“, „Убијци“, Активистите за заштита на животните денеска со извици на „Правда за животните“, „Убијци“ протестираа и бараа надлежните органи да ги пронајдат лицата кои во изминатиот период трујат мачките и кучињата. „Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман...

Отруени две кучиња во Карпош 4, отров оставен во куќарка за куче во Аеродром

Два случаи на отруени кучиња и на оставен отров за куче се регистрирани во Скопје во изминатово деноноќие, извести МВР. Вчера во 23.15 часот во полициската станица Карпош било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Карпош 4, пред станбена зграда, биле пронајдени две отруени кучиња. Денеска во 8.45 часот било пријавено дека на подрачјето на булеварот Јане Сандански во населбата...

Заразата со птичји грип во Струшко е потенцијална закана за луѓето, сметаат од „Еден“

Наспроти информациите што кружат во јавноста дека птичјиот грип А(Х5Н8) кој го има во Струшко не е опасен по здравјето на луѓето, сепак заразата е потенцијална закана, информираат од здружението за заштита на животните и на животната средина „Еден“. - Постојат ретки документирани случаи на пренесување на инфекција со сличен тип на птичји грип на човек во минатото и не може...

Во Бугарија се шири птичји грип, заразени 55 фарми

Вирусот Х5Н8, попознат како птичји грип, се проширил на 55 живинарски фарми во Бугарија. Ова го соопшти министерката за земјоделство на Бугарија, Десислава Танева, и најави дека денеска ќе бидат уништени 130.000 птици. Со тоа бројот на уништени птици во Бугарија ќе се зголеми на околу 430.000 откако вирусот првпат е регистриран во средината на декември. Вирусот најмногу ја погоди областа околу...

Во Тетово се создаде дива депонија со органски отпад која никој не ја чисти

Месо, коски, рогови и други остатоци од разни животни скапуваат кај стариот градски стадион во Тетово на локацијата каде за време на празникот Курбан Бајрам, се продаваа и колеа животни. Од ова место кое е на само неколку метри од приватни домови, а на стотина метри од центарот на градот се шири непријатна миризба. - Ова е неподносливо, смрди па и...

Активистите на протест побараа правда за животните

Со транспаренти „Бездомни, а не безвредни“, „Во Вардариште ѕверовите се надвор од кафезите“, „Правда за животните“, стотина граѓани и активисти на Здружението за заштита на животни „Анима мунди“, заедно со своите миленици протестираа и бараа правда за животните заловени во стационарот „Вардариште“. Протесниот марш почна на плоштад Македонија и низ улиците продолжи до бараките на Град Скопје, под чија надлежност...

Ветувањето за дезинсекција го одложи протестот на сточарите

Ветувањето дека општините Берово и Пехчево ќе извршат дезинсекција како превенција против болеста „јазлеста кожа“ кај стоката, го одложи за денеска најавениот протест на сточарите. Најавената вакцинација привремено го смири гневот на сопствениците на крупен добиток, чии семејства живеат од продажбата на млеко и млечни производи, што моментално е стопирано. Штетите не застануваат тука, бидејќи стоката од зафатените со болест...

„Анима мунди“: Македонија одбива странска помош за бездомните животни

Мрежата на стрчни и искусни ветеринари од светот кои со мобилни ветеринарни клиники спроведуваат и управуваат програми за директна помош на животните, „Ворлд вет“ (World vet), понудила бесплатна помош за справување со бездомните животни, но власта ги одбила, соопшти денеска Здружението за заштита на животните „Анима мунди“. - „Ворлд вет“ најави дека во 2016 година ќе испрати свои мобилни ветеринарни...

Апел: Да не се убиваат дивите животни во Тбилиси

Да не се убиваат дивите животни што побегнаа од зоолошката градина по вчерашното невреме во Тбилиси, главниот град на Грузија, апелираше до полицијата директорот на градината. Неколку диви животни скитаа по улиците на Тбилиси откако масивните поплави им овозможиле излез од градската зоолошка, а специјални единици биле пратени за да ги успијат или застрелаат животните. И самите поплави однеле неколку животни.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...