fbpx

„Анима мунди“: Македонија одбива странска помош за бездомните животни

-

Мрежата на стрчни и искусни ветеринари од светот кои со мобилни ветеринарни клиники спроведуваат и управуваат програми за директна помош на животните, „Ворлд вет“ (World vet), понудила бесплатна помош за справување со бездомните животни, но власта ги одбила, соопшти денеска Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.

– „Ворлд вет“ најави дека во 2016 година ќе испрати свои мобилни ветеринарни болници – искусни и квалификувани ветеринарни тимови и специјални возила, мобилни вететеринарни болници, за да спроведат бесплатни ветеринарни интервенции (стерилизации и лекување), како и едукативни кампањи за населението и консултации за одговорно чување на милениците во Македонија, но власта на дозлволи – соопштија од „Анима мунди“.

Оттаму велат дека во согласност со одговорот што го добиле од Ветринарната комора на Македонија и од консултациите со Агенцијата за храна и ветеринарство, не пости можност „Ворлд вет“ да дојдат и да оперираат, туку само да консултираат.

– За ова моравме да ги известиме „Ворлд вет“, кои изразија чудење и разочараност, за што ни посакаа и многу среќа во иднина. Среќа, дефинитивно, ќе ни треба со ваква законска уреденост во Република Македонија. Ова е веќе втора можност што ни минува низ прсти. Првата беше понуда од ЕНПА, најсилната италијанска организација, која понуди стерилизации за бездомни кучиња. Ова се шанси што би ги прифатиле многу други богати држави, но не и Република Македонија. „Анима мунди“ залудно се обидува да обезбеди помош за животните, за граѓаните, за државата, кога на крај сè е законски оневозможено. Ова треба да го знаат сите што бараат виновник зошто со децении не е решен проблемот со бездомните кучиња – велат од „Анима мунди“.

Од македонското здружение велат дека „Ворлд вет“ за само три дена можат да извршат најмалку 150 операции и дополнително лекување на 300 животни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...