fbpx

Движењето за реформи на ДПА се регистрира како политичка партија

-

Од Движењето за реформи на ДПА на прес-конференција денеска соопштија дека успеале да се регистрираат како политичка партија во Основниот суд во Тетово. Евиденцијата деновиве треба да се објави во Службен весник и откако ќе помине предвидениот законски рок, новата партија ќе биде регистрирана во единствениот регистар на политички партии во Основниот суд Скопје 2.

– Им се заблагодаруваме на граѓаните за собраните потписи, кои беа клучни за регистрирање на партијата. Сега граѓаните, на следните избори, ќе можат да ја изберат оваа политичка алтернатива, која наскоро ќе ја објави платформата како патоказ за понатамошно движење на Албанците во Македонија. Вратите на Движењето за реформи на ДПА се отворени за сите, а досега во основната база на податоци, успеавме да регистрираме околу 15.000 членови – изјави Абедин Абдули од Движењето за реформи на ДПА.

Движењето за реформи на ДПА минатиот месец, на прес-конференција, обвини дека во тетовскиот Основен суд се соочуваат со постојани уцени во текот на регистрацијата на партијата. Според Движењето, тетовскиот суд постојано барал дополнителни документи, одолжувајќи го процесот на регистрација на новата партија.

Движењето за реформи на ДПА се основа откако струшкиот градоначалник Зијадин Села го прекина членството во ДПА, поради недоразбирање со претседателот на партијата, Мендух Тачи, околу изборните листи за време на последните парламентарни избори.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...