fbpx

Измама: Ајфон телефон не се продава за 125 денари

-

Фан-страницата од којашто се споделува попуст за Ајфон телефон по цена од нереални 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции, нема наведено адреса и телефонски броеви. Реалната цена на телефонот Ајфон 14 про – еден од најновите модели на Apple телефони, е 90.990 денари односно 1.500 евра. Во постот се злоупотребува името на ланецот продавници IStyle, кои се официјални застапници на Apple производите, за да ги убеди корисниците во неговата легитимност. Но, овој огромен попуст не е објавен ниту на официјална страница на IStyle, ниту на нивните профили на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

На социјалната мрежа Фејсбук со брзина на светлината се шири лажен попуст за Ајфон телефон по цена од 125 денари. Ова е измама, не наседнувајте на вакви објави!

IStyle е казнет за нелегален увоз на iPhone и сега мора да ги продава сите телефони за 125 ден Ограничена количина, побрзајте, пишува во постот.

За да ги намами своите жртви, рекламата е придружена со фотошопирана фотографија на која се прикажани Ајфон телефони, а над нив стои логото на IStyle, официјалната продавница за Apple продукти во нашата држава. Под логото пишува дека телефоните Ајфон 14 про се продаваат по цена од нереални 125 денари. Нудат огромен, но лажен попуст!

Објавите за овој огромен попуст имаат низа коментари од лажни профили кои се обидуваат да ги легитимираат чудните понуди. Па така корисници со имиња како Tamuna Ratiani,  Zseliné Kovács Rozália, Fitos Gergő пишуваат коментари на македонски јазик користејќи кирилица со цел да ги убедат останатите корисници на Фејсбук дека понудата е реална. Но, кога некој со име како ќе Zseliné Kovács Rozália напише коментар „Среќата веќе ми се насмевна! Прво не верував, но го пополнив формуларот и по разговорот ми испратија телефонски број“, или кога Fitos Gergő ќе напише „Јас сум во шок😱 лудо среќен што сум сопственик на iPhone! Пробајте го момци и не плашете се! продавницата е доверлива!“ , треба веднаш да стане сомнително дека се работи за некаква измама.

Дел од профилите коишто ги пишуваат коментарите прикачуваат фотографии од телефони, со цел да ги убедат корисниците на социјалните мрежи дека објавата е реална, но не е!

Притоа, лажната објава за голем попуст, ги наведува корисниците на социјалните мрежи, за да може наводно да го добијат телефонот, да клинкат на копчето Apply now кое пренасочува на друга веб-страница. Овие насочени реклами за измама обично имаат за цел да го натераат корисникот да се регистрира за нешто и бара од корисниците информации за кредитна или дебитна картичка за да ја завршат акцијата.

Горенаведениот пример го користи името на ланецот продавници IStyle, кои се официјални застапници на Apple производите, за да ги убеди корисниците во неговата легитимност, но нема никаква формална врска помеѓу оваа продавница и овие измамници. Овој огромен попуст не е објавен ниту на нивната официјална страница, ниту на нивните профили на социјалните мрежи.

Всушност, реалната цена на овој телефон, Ајфон 14 про, кој е еден од најновите модели на Apple телефони е 90.990 денари односно 1.500 евра.

Фан-страницата, пак, од којашто се споделува попустот, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции, нема наведено адреса и телефонски броеви. Таму се објавени само два поста за овој попуст и една фотографија.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Корисниците на социјалните мрежи секогаш треба да се посомневаат кога ќе видат објава или реклама чија понуда се чини дека е предобра за да биде вистинита, бидејќи тоа може да ве чини многу. Секогаш проверувајте ги страниците коишто ги објавуваат овие нереални понуди, проверете дали се нови и кога се формирани, дали имаат контакт податоци, читајте ги коментарите и не наседнувајте на измами.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...