Сугарески: Зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да го каже мислењето за екстерното и за минималната плата

Предлозите на СДСМ за екстерното тестирање, минималната плата, буџетските измени со кои граѓаните треба да знаат колку и на што се трошат нивните пари, се ставени како последни точки на дневниот ред на собраниската седница.

– Нашите предлози беа доставени во Собранието на 3 септември, а Владата своите прелози кои се на дневен ред на денешната седница ги поднесе по 10 септември. Не ни е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ бега од овие теми. Треба да излезат и јавно да кажат зошто се против укинување на екстерното тестирање, зошто да не се зголеми минималната плата и зошто не сакаат да поднесуваат извештаи за тоа како се трошат парите на граѓаните – рече Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ на прес-конференцијата во Собранието.