fbpx

Ветувањето за дезинсекција го одложи протестот на сточарите

-

Ветувањето дека општините Берово и Пехчево ќе извршат дезинсекција како превенција против болеста „јазлеста кожа“ кај стоката, го одложи за денеска најавениот протест на сточарите. Најавената вакцинација привремено го смири гневот на сопствениците на крупен добиток, чии семејства живеат од продажбата на млеко и млечни производи, што моментално е стопирано.

Штетите не застануваат тука, бидејќи стоката од зафатените со болест фарми, секојдневно се носат во кланица. До вчера, во Берово, Делчево и Пехчево беа уништени 54 грла добиток. На вчерашниот состанок со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, неколку сточари го напуштија собирот, лути поради спорите одлуки на власта.

– Пред некој ден одзедоа 32 крави, здрави и ги однесоа во кланица. Нека ги однесат болните, не здравите. Нашата Малешевија од стоката живее, од кравите – реагираа сточарите.

Исходот од овој состанок не беше поволен за сточарите.

– Ниедно наше барање не беше прифатено. Караванот си врви, стоката заболува, вакцини нема – рече еден млад сточар.

Поповски, пак, на сточарите им сугерираше да превземат превентивни мерки додека да стигнат вакцините.

– Да набават препарати против инсектите-комарците и мувите, кои го пренесуваат вирусот и да не ги напасуваат животните. Доколку мора, да не ги држат заедно – препорача Поповски.

Главните жаришта од оваа болест, во државата се регистрирани во Источна Македонија. Во 14 општини се зафатени 34 фарми. Еден од најсиромашните делови на Македонија, каде доминира земјоделството и сточарството, се соочува со нови загуби. Сточарите бараат да бидат поштедени здравите грла од кои им зависи егизстеницијата на семејствата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...