Во скопската зоолошка градина пристигнаа шест нови пингвини од Русија

Извор на фотографија: Зоолошка градина Скопје

Во Зоолошката градина Скопје пристигнаа шест нови пингвини од Русија, со кои во иднина ќе можат да се дружат посетителите. Станува збор за три машки и три женки од видот хамболт, информираат од скопската Зоолошка градина.

„Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски“, напишаа на Фејсбук од Зоолошката градина Скопје.

После пристигнувањето на скопскиот аеродром, пингвините се адаптираат на условите во скопската зоолошка градина, а наскоро за нив ќе биде отворено и надворешното живеалиште.