Студентки од Факултетот за ветеринарна медицина со апликација ја подигаат свеста за трговијата со животни

Фото: Danny Wage, Unsplash

Студентките Сара Јованова и Елмедина Мислими од Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, со својот иновативен проект односно апликација за подигнување на јавната свест за трговија со животни, учествуваа на натпревар на овогодинешниот виртуелен Зоохакатон, чија тема беше технологија и заштита на живиот свет и животната средина.

Јованова и Мислими беа дел од тимот насловен „Koala Fan Club” кој беше еден од 18-те тимови од вкупно 29 кои влегоа во потесен круг и создадоа вистински решенија за зададените проблеми.

Целта на Зоохакатонот е да се создадат модерни решенија преку кои може да се подобри состојбата на живиот свет, односно да се спречи трговијата на диви животни.