Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“

Фото: Прринскрин од водеото на ЗОО Скопје

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, е првата од нашите познати личности што се љубители на животните, која се приклучи на заедничката кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ на ЗОО Скопје и ЈП Лајка.

Со цел за подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво Андреа сними видео преку кое заедно со својот долгогодишен миленик Лео од Градски парк порача да ги сакаме животните и никогаш да не ги напуштаме милениците бидејќи и тие се дел од семејството.