Основците учеа како одговорно да ги чуваат домашните миленици: „На своето куче може да му кажете сѐ…ОСВЕН ЗБОГУМ“

Фото. ,,ООУ Св. Кирил и Методиј" Центар - Скопје

Учениците од „ООУ Св. Кирил и Методиј” Центар – Скопје кои учат во трето и четврто одделение имаа час на тема „Дали сте подготвени да станете херој? – Одговорно чување на домашните миленици“.

Под мотото „На своето куче може да му кажете сѐ…ОСВЕН ЗБОГУМ“ тие научија дека да се биде сопственик на куче значи да се грижите и внимавате на него во текот на целиот негов живот.

„На овој час учениците се запознаа со правилно чување на домашните миленици, со цел поттикнување на учениците за одговорно однесување кон своите миленичиња, развивање на хуманоста кон животните и зголемување на свеста за вдомување на домашни миленици“, соопштија од училиштето.

Овој час се одржа во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Платформа на OIE – за здравјето на животните во Европа, а беа присутни и претставници од Општина Центар.