Во Зоолошката градина за два дена убиени се повеќе од 10 коњи и мазги за храна за лавовите

-

Нејасно е од каде потекнуваат овие животни кои вчера и денеска се убиваат во Зоолошката градина во Скопје. Директорот на ЗОО, Кристијан Стаменов, тврди дека им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, тврди дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да се даде жива стока во Зоолошката градина, ниту, пак, некое животно да биде усмртено, објави Вистиномер.

Во последниве два дена во Зоолошката градина во Скопје усмртени биле повеќе од 10 коњи и мазги, за да им бидат дадени како храна на месојадните животни, сведочат барем тројца вработени во Зоолошката, а информацијата ја потврди и директорот, Кристијан Стаменов. „Вистиномер“ дојде и до една од фотографиите на кои се гледа крв на асфалтот во Зоолошката градина како последица на усмртувањето на животните. Вработени во оваа институција реагираат дека досега не се случувало да бидат усмртувани коњи среде Зоолошка градина, туку храната за животните се набавувала исклучиво на тендер.

За начинот на кој коњите стигнале во Зоолошката градина за да бидат усмртени, има различни изјави. Директорот на Зоолошката градина, Стаменов, тврди дека им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, вели дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да се даде жива стока во Зоолошката градина. Оттаму, се поставува прашањето дали животните на законски и легитимен начин биле донесени во Зоолошката градина, за потоа да бидат усмртени.

„Ние имаме можност за економско искористување на животните. Овие животни ни ги даде Агенцијата за одземен имот и станува збор за животни кои не се за употреба. Тие неколку што се здрави, можат да бидат експонат, но другите имаа рани и повреди. Ангажиравме посебно човек, кој ги усмрти животните, имаме таква законска можност. Ни дадоа 16 животни. Знам дека на никој не му е мило за ова, но ние имаме месојадни животни и штом ни се дадени, наше е да процениме дали можат да бидат изложбен експонат или не“, вели Стаменов за „Вистиномер“. 

Ако се погледнат податоците од веб-страницата за јавни набавки, може да се види дека тендер за набавка на месо како храна за животните имало во мај годинава, во вредност од 73 илјади евра, за цела година.

Оттаму, нејасно е зошто дополнително се усмртувале животни како храна за месојадните.

Она што, исто така, останува нејасно е од каде потекнуваат овие коњи, кои, според досегашните сознанија, биле запленети од дрвокрадци и предадени во Агенцијата за одземен имот.

„Целата жива стока што стигнува до нас, ние ја предаваме во затворот Идризово, бидејќи ние немаме ниту штали, ниту, пак, храна за животни. Во затворот има штали и таму се грижат за животните, нормално дека не ги убиваат. За секое предадено животно ние имаме записник. Во Зоолошката градина никогаш не сме предале животно, барем не во последниве пет години колку што сум јас директор. Нека покажат документ за примопредавање, бидејќи таков записник ние немаме“, вели за Вистиномер директорот на Агенцијата Фатон Асани.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) велат дека не се запознаени со случајот, но дека било кое животно пред да се усмрти и да служи како храна за месојадните животни, мора да биде прегледано од ветеринар, кој ќе ја процени неговата здравствена состојба и за секое животно мора да има соодветна документација.

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило...