fbpx

Oпозицијата трубеше со вувузели додека премиерот Ковачевски говореше во Собранието

-

По тричасовно одложување на пленарната седница, во Собранието попладнево во тензична атмосфера започна разгледувањето на Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на земјава со ЕУ, предложена од француското претседателство на 30 јуни.

Откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска ја искина Информацијата за европскиот предлог што беше доставена од Владата на РСМ и побара едночасовна пауза, седницата попладнево продолжи во тензична атмосфера. Опозицијата со вувузели трубеше за време на говорот на премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците.

Ковачевски рече дека денеска присуствуваме на историска седница, за подобра иднина, за стабилна сегашност и за заштита и почитување на минатото. Тој се заблагодари за присуството на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска во Скопје.

Тој за европскиот предлог рече дека успеавме да добиеме заеднички, европски предлог на ЕУ, во којшто јасно се прецизира македонскиот јазик како прифатен јазик во ЕУ, којшто ќе биде службен и официјален јазик. Ковачевски напомена дека сите идни документи што ќе следат од преговарачкиот процес ќе бидат напишани на македонски јазик.

Воедно, Ковачевски додаде дека сите билатерални прашања со источниот сосед, но и со било која друга земја, не се дел од преговарачката рамка со Брисел и таа е ослободена од ваков тип на прашања.

Со европскиот предлог се предвидува одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ веднаш по прифаќањето на европскиот предлог, посочи премиерот Ковачевски пред пратениците.

Премиерот во обраќањето додаде дека европскиот предлог е најдоброто можно решение во моментов, со кое се задржуваат црвените линии на земјава и се отпочнуваат преговорите со ЕУ.

Димитар Ковачевски рече дека најдобра одбрана за идентитетот е движењето напред и прогрес и ова е последна борба помеѓу деструкцијата и оптимизмот на земјава.

„Јас Димитар Ковачевскуи сум Македонец од раѓање. Ниту една хартија не може да ми го одземе мојот идентитет, јазик и историја“, рече премиерот Ковачевски.

Со прифаќање на европскиот предлог, остануваме на единствениот пат  за членство за ЕУ за којшто повеќе од 30 години се залагаме, рече Ковачевски, и им предложи на пратениците да го прифатат предлогот на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...